Промоција на преводот на македонски јазик на книгата „Во Лотарингија” на Емануел Рембер

Францускиот институт во Скопје во вторник, 28 мај 2019 година, од 19 часот во Public Room (Јавна соба) ќе ја организира промоцијата на преводот на македонски јазик на книгата „Во Лотарингија” на Емануел Рембер, дипломат, советник за култура и соработник во Амбасадата на Франција и директор на Францускиот институт во Скопје.

Емануел Рембер престојот во секоја земја го завршува со книга. По делото “Немирни денови во Либија”, престојот во Брисел е инспирација за Рембер да напише пријателска биографија за Жан-Клод Пирот, белгиски поет, проколнат писател, адвокат, анархист и вечен бегалец. Овој прекрасен биографски есеј беше позитивно прифатен и од францускиот печат, а објавен е на македонски јазик благодарение на издавачот „Магор”.

Средбата е замислена во форма на интервју, коешто ќе го води новинарката Ана Јовковска, а за истата има обезбедено консекутивен превод.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.