Културно-Информативен Центар – Скопје, денеска напладне во 12 часот ,во Паркот пред КИЦ ќе ја промовира книгата , “ПаРадОксиКон” од Томислав Османли.
Томислав Османли создава во повеќе диспиплини. Автор е на повеќе објавени книги: проза, драми, сценарија, теорија и есеистика.
Со години се занимавал со филмска и театарска критика и публицистика, како и со теорија на драмски затемелените вербо-визуелни медиуми. Објавувал публицистички и теоретски текстови во речиси сите македонски и во голем број екс-југословенски списанија.
Неговите дела се преведувани на повеќе светски јазици и добитник е на многубројни книжевни награди.
Во издание на „ВиГ Зеница“ се појави збирката раскази и новели насловена „Парадоксикон“, која е најнова книжевна творба на писателот Томислав Османли. Дванаесетте главно долги прози, без задршка шибаат по современата отуѓена стварност.
Станува збор за книга чија појава силно ќе прозвучи во новото македонско литературно творештво – вели писателот и издавач Глигор Стојковски и додава дека авторот на „Парадоксикон“ ги открива гротескните и фантастични суштини на современото секојдневие соголувајќи ги актуелните начини на отуѓување.
Промотор на книгата е проф.д-р Кристина Николовска,водител Марија Богоеска , а настанот ќе биде збогатен со музичкиот настап на Глигор Гелебешев-клавир.
Настанот ќе оди LIVE STREAM, на фб страната на КИЦ-Скопје.