Пролет и љубов за Хороскопските знаци

horoskop

Овен

Оваа пролет ќе биде совршена за вас,благодарејќи му на Сонцето кое на 20-ти март ќе влезе во вашиот знак. Со леснотија ќе ги освојувате сите .

Во текот на следните месеци ќе бидете во центарот на вниманието ,вашите желби и интереси ќе бидат центар во семејството и љубовта.Уживајте во пролетта и се што таа ќе ви донесе затоа што планетите ви се наклонети се што ќе помислите да стане реалност,

Бик

Среќната планета Јупитер речиси цела година ќе патува во вашата 8-ма куќа на интимноста и интензивните емоции. Ќе сакате со целото ваше срце, чисто и искрено. Всушност, ќе се чувствувате живо кога страста лудува низ вашето тело. Јупитер доаѓа тука само еднаш на 12 години, покажувајќи ви како изгледа безусловната љубов. Вие сте вообичаено личност која му придава најголемо значење на изгледот, на визуелното, но Јупитер ќе ве турне надвор од вашата сигурна зона, поттикнувајќи ве да им ја гледате душата на додворувачите.

Збогум, статус кво! На некои бикови 2019 година ќе им донесе вест за бременост, на други свршенички прстен, а на трети – брак. Ако не сте во врска, а сте заљубени, нема логика да ги криете чувствата, бидејќи тие јасно ќе се читаат на вашето лице. Голема е веројатноста во претстојните 11 месеци да го сретнете вашиот животен сопатник.

Близнаци

Март ќе ве направи авантурист во љубовта кој не се плаши да ризикува за да го добие она што го сака. Патувањата ќе делуваат позитивно на романтичниот живот на сите близнаци.

Уште на 1 март, Венера, планетата на љубовта и хармонијата, ќе влезе во вашата 9-та куќа. Независноста ќе ви стане екстремно важна, па ако сте во врска, ќе сакате да носите самостојни одлуки без да зависите од партнерот. Некои близнаци ќе раскинат врска во која се чувствувале како птица во кафез, додека други ќе ги зачестат заедничките патувања со партнерот, што ќе води до поголемо зближување. Не се изненадувајте ако партнерот ве запроси под Ајфеловата кула во Париз или на гондола во Венеција.

Рак

Верувате ли во љубов на прв поглед? Бидејќи во март токму така и ќе се заљубите. Романтичните чувства брзо ќе достигнуваат „степен на вриење“ во вас овој месец, а вие нема ни да се обидувате да им се спротивставите.

Уште на 1 март, страсната Венера ќе премине во вашата 8-ма куќа на интензивните чувства, интимноста и поврзувањето, фрлајќи магија во вашиот љубовен живот. Ќе ви се допаѓа помислата да имате партнер покрај себе во чија прегратка ќе уживате секој ден, па ќе ја засилите потрагата по Вистинскиот. Добрата вест е што

Лав

Цела армија планети овој месец ќе се движи во вашите љубовни сектори. Сонцето во првите три недели ќе престојува во вашата 8-ма куќа на силните чувства, сексот и интимноста, разгорувајќи ја искрата меѓу вас и партнерот. Ќе се чувствувате како заљубен тинејџер кој постојано сака да биде покрај својата „половина“, па резервирајте најголем број од мартовски ноќи за вас двајца.

 

Девица

Љубовта е слатка, но може да биде кратка ако не вложувате во неа. Март ќе ви одржи скапоцени љубовни лекции од кои ќе созреете како личност.

Сонцето цел месец ќе ги грее вашите сектори на партнерствата, поттикнувајќи ве да минувате квалитетно време со партнерот и да се поврзувате со него преку нови активности како вежбање, готвење, планинарење, работење… како пар. Разговорите треба да ви бидат ослободени од технологија, па држете го телефонот подалеку од вас.Не сте во врска? Будењето на природата во вас ќе ја разбуди желбата за нова љубовна романса. Веројатно ќе

Вага

Страст, гламур, љубов, внимание, кокетирање… Март дефинитивно ќе биде незаборавен месец за вас, месец кога мнозинството планети ќе се здружат за да ве усреќат.

Сексапилниот Марс до последниот ден од месецот ќе престојува во вашата 8-ма куќа на интензивните чувства и интимноста, зголемувајќи ја шансата да ја пронајдете вашата сродна душа. Вашето либидо ќе се зголеми, што значи дека сексуалниот живот значително ќе ви се подобри. Страста во врската ќе достигне максимум, но за жал, за некои ваги огромната љубов ќе донесе и љубомора, посесивност, па дури и агресивност. Силните емоции ќе бидат неизбежни.

Шкорпија

Март нема да донесе само пролет за вас, туку ќе донесе и љубов, страст и гламур. Ако некогаш сте се чувствувале како кралица во сопствената кожа, тоа ќе биде сега. Армија планети ќе маршираат низ вашата 5-та куќа страста и низ вашата 7-ма куќа на партнерствата.

Во првите три недели од март, ќе шармирате, заведувате и освојувате без никаква мака. Сонцето ќе ви ја топли насмевката и ќе ви ја зголемува харизмата. Не си поставувајте задршки кога флертувате со оној што ви се допаѓа.

Создавањето семејство и љубовно гнездо ќе им стане приоритет на многу шкорпии кои се во врска. Уште 1 март, хармоничната Венера ќе премине во вашиот сектор на домот и семејството и ќе ви ја зголеми желбата да се задомите.

Стрелец

Сентименталноста е секси, а вие ќе бидете доказ за тоа во текот на март. Ќе дозволите луѓето да видат дека зад лакот и стрелата се крие едно нежно срце и токму тоа ќе ви ги донесе најголемите обожаватели.

Во првите 20 дена од март, Сонцето ќе патува во вашата нежна и сентиментална 4-та куќа, па ќе добиете космичка дозвола да ги носите вашите чувства на вашето лице. Дозволете си да бидете ранливи. Ако сте во врска, во овој период ќе имате голема желба за поголемо обврзување, создавање семејство или купување заеднички дом со партнерот.

На 1 март, романтичната Венера ќе влезе во вашата 3-та куќа на комуникацијата и локалните настани. Ќе с

Јарец

Пролетта е на прагот, но во вашата душа ќе биде вистинско лето. Уживајте во вниманието кое ќе го добивате овој месец и користете го шармот како свое најсилно оружје.

Сексапилниот Марс до последниот ден од месецот ќе патува во вашата 5-та куќа на флертот, гламурот и страста. Едноставно е – каде што вие ќе газите, ќе гори силен оган. Погледот ќе ви биде моќен и страстен, па доколку некој ви се допаѓа, сè што треба да направите за да го освоите е да флертувате.

Силната страст ќе биде присутна во сите романтични врски на јарците. Резервирајте најголем дел од мартовските ноќи за интимни доживувања зад затворени врати. За некои јарци, овој романтичен период ќе донесе и позитивен тест за бременост.

Водолија

Будењето на природата ќе ја разбуди заводничката во вас. Во текот на март, ќе зрачите со самодоверба, бидејќи ќе знаете колку многу вредите и дека го заслужувате само најдоброто.

Уште на првиот ден од март, романтичната Венера ќе влезе во вашиот знак, вивнувајќи ја во небо вашата вродена харизма. Ќе бидете како магнет за погледи, а додворувачите ќе чекаат во ред за да украдат делче од вашето време. Не се задоволувајте со првиот што ќе ви пријде, бидејќи тој нема да биде и најдобар за вас. Бидете пребирливи.

Веќе сте ја пронашле вашата половина? Венера ќе ве направи понезависни во врската, ќе ви ги зголеми личните интереси и ќе ве поттикне почесто да минувате време без п

Риби

Уживајте во роденденската сезона, риби! Време е да си замислите гооолема желба. Не бидете скромни.

Во првите 20 дена од март, Сонцето ќе патува во вашиот знак, поттикнувајќи ве да се ставите себеси на прво место и да создавате свои правила, наместо слепо да ги следите веќе постоечките. Експериментирајте со изгледот, срушете ги модните трендови и забавувајте се како никој да не ве гледа. Колку повеќе уживате во сопствената кожа, толку повеќе погледи ќе привлекувате кон себе. Ако сте во врска, истакнете ја вашата независност.

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.