Со доаѓањето на есента и постудените и врнежливи денови, веднаш се наметнуваат илјадници прашања што и како да искомбинираме од тоа што го имаме и да го прилагодиме, кога веќе знаеме дека следните шест месеци ќе ни требаат повеќе парчиња облека и во секој случај потопла. Како истата да стане попрактична сепак треба да погледнеме што препорачуваат светските модни совети и колку можеме од тоа да примениме.
Хрватската модна сцена препорачува јаки комбинации во кои е дозволено се, од кожа и вештачко крзно до карирани штофови и оние со дизајн на некој леопард или пума. Секако со вакво шаренолико храбро облекување, треба да внимавате да ви биде удобно зависно од приликата за која ќе се користи.
На улиците на западно европските градови, раноесенски комбинации се најчесто со згасити бои и цветни дезени, кои го отсликуваат шаренилото на есенските бои. За кои постојат и вечерни изданија практични и секогаш во мода.
Она што треба навреме да си обезбедите се удобни чизми барем во две бои (црна и браон) и два различни стила за да можете да ги комбинирате во повеќе пригоди. Облекувањето е избор на секого а можностите се разнолики и големи, така што, искористете некој совет и направете си свој моден стил и за оваа сезона есен-зима, 2019/2020.