Стефан Здравковиќ, попознат како принцот од Врање, ќе ја претставува Србија на Евровизија 2025 година со песната „Мила“. На српскиот изборна „Песна за Евровизија 2025“ иако обложувалниците ја гледаа Мими Мерцедес како сигурен победник, публиката и жирито донесоа одлука во корист на Принц со неговата нежна балада „Мила“.
На јавноста ѝ е познат од поодамна, во 2023 година на домашниот избор се претстави со песната „Цвет од исток“ и тогаш многумина тврдеа дека тој е најдобриот и еден од главните фаворити за победа.
Роден во Врање на 29 септември 1993 година, а од 2002 година живее во Белград, каде студирал норвешки јазик на Филолошкиот факултет.
Со музика почнал да се занимава во средно училиште кога го основал бендот “Шеста жица”.
Почнал да пее во 2009 година. Кога се запишал во музичко училиште во Врање, ја испеал „Еци, пеци, пец“ затоа што тогаш не знаел ништо друго. Татко му исто бил пејач, но не бил застапен по медиумите, а и мајка му пеела во хор и на разни забави, додека брат му подолго време професионално се занимавал со музика и тој го вовел во овој свет.
Меѓу Белграѓани паѓа во очи поради неговиот јужен акцент.
-Мислам дека луѓето треба да зборуваат на свој дијалект и да не се срамат од тоа. Кога седам со пријателите се опуштам и зборувам како вистински Врањанец, нагласува тој.
Евровизија почнал да следи кога Норвежанецот Александар Рибак победи на Евровизија, во Москва 2009 година.
Бил државен првак и вицешампион на Србија во карате, а се натпреварувал и за националниот тим. Бил и нинџа, а во Врање ги стекнал првите медали и првите искуства и тоа го научило да не се предава.
69. издание на Евровизија 2025 ќе биде на 13, 15 и финале на 17 во мај во Базел, Швајцарија. Македонија нема да учествува.
Валентина Ѓоргиевска Парго