Храмот посветен на Богородица, лоциран над селото Матејче, е еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва. Сместен е на планинскиот масив на Скопска Црна Гора и ги отсликува врвовите на средновековната ликовна продукција на македонската територија.
Манастирската црква е изградена во XIV век од страна на цар Душан, а по неговата смрт, неговата сопруга Елена и неговиот син Урош ја доградиле и живописале.
Деновив Македонскиот Национален конзерваторски центар – Скопје, започна со превентивни конзерваторски интервенции на црквата Св. Богородица во Матејче за да може ова културно подобро да се заштити од надворешни влијанија кои би биле ризични з аовој објект оставен без грижа скоро 20 години и кој е сместен во категоријата „Културно наследство во опсаност“