Пред Евровизиската еуфорија 2019

tamara

Пишува м-р Татјана Гогоска

Февруари 2019

По објавувањето на Изборот за македонски претставник на годинешново издание на Евровизија, што ќе се одржи во месец мај во Тел Авив, реакциите на народот не стивнуваат од неколку прични.

Најбројни и најгласни се оние кои знаејќи за неуспешните настапи на нашата музика на Евровизија повеќе од една деценија, оправдано мислат дека трошењето пари за таа намена е непотребно, а од друга страна во државава нема основни потреби па предлогот да се купат возила зa Брза помош наместо залудно да се трошат парите на многумини им изгледа покорисен.

Познавачите на Евровизијата и македонските автори, реагираат на крајно нетраспарентниот начин на Избор на претставник, со кој тимот кој очигледно постојано губи а не се менува, реши по 4-ти пат во нова комбинација да ја испрати Тамара.

Многумина пак се прашуваат : Дали е потребно во незацелени рани од наметнатото ново име на држава да оди претставник, кому патем не му е важно која држава ќе претставува.

Како и да е реакции од МРТ нема! Се огласи Тамара, која на јавноста порача дека ќе “пее за својата ќерка“.

Тука би го задржала мојот приказ.

Кога  претставуваш држава, како и да се вика таа и те плаќа народот за тоа да го направиш, тогаш приватните желби и живот ги оставаш таму зад своите затворени врати. Доколку Тамара си финансира сама концерт или настап може да пее за кого сака па и за својата ќерка. Вака ќерка си ја става во јавноста во една многу неблагодарна ситуација, што не би смеел ниеден родител да го прави. А пред се знаејќи ги реакциите на јавноста.

За почит ќе беше ако Тамара решеше да пее и да се откажат авторите на пример од авторските хонорари што им ги плаќа ЕБУ а тие средства да се наменат за Детска клиника, или пак за децата што немаат кров над глава или пак за отварање на центар за аутистични, или болни од целебрална парализа. Тогаш сето тоа би добило хумана димензија, па би стивнале и негативните реакции во јавноста, која и тоа како треба да се почитува.

Оваа година уште пред одржувањето на Евровизијата имаме минусна стартна позиција, а не би сакала да сум во кожата на тие што со гневот од народот, и незадоволството на истиот ќе тргне да се натпреварува за својата земја .

Кој ќе навива во Тел Авив ? Како ќе се скандира ? Кој ќе ја подржува Македонската претставничка? Или како и да сама се нарекува …„Не е важно како ќе не ословуваат важно да се зборува за нас“-став на Тамара искажан во јавноста уште при првата најава.

Март 2019

По прикажувањето на спотот за Евровизиската “Proud” со Тамара, едноставно молк од официјалните организатори МРТ а многу пофални зборови за истиот и неговата порака. Се до објавувањето на придружните вокали Андријана Jаневска, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев, оваа година оигледно со нова тактика од Јавниот сервис

Останува да видиме дали и со новото име на нашава држава, сепак ќе успееме да влеземе во финале, како највисок дострел од нашите учества, на оваа најголемо Евровизиско Европско шоу.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.