Извадок од книгата „Кажи ми да ти кажам „-прирачник за комуникација и комуникациски вештини кај деца и млади
Автор М-р по комуникацикси науки Татјана Гогоска
Секојдневно сме соочени со информации и ситуации каде се применува насилство а најголема жртва на истото се децата, младите и жените . Комуниколозите насилството го сместиле во негативна комуникација и ја објаснуваат на неколку начини.
Докажано е дека, кога единката не може да постигне она што сака, доколку нема научени модели на позитивна комуникација оди кон негативна комуникација т.е. насилство, сакајќи на тој начин да го добие тоа што го посакува или да успее во нешто што ѝ е важно. Насилството произлегува од бесот/лутината, кои се вброени во негативните емоции што ги поседува еден човек.
Низ пример на телевизијата и нејзиното големо влијание врз зголемување на насилството кај младите од 16 до 18 години, може да се добие преглед на целокупното влијание на насилството како негативна форма во комуникација и во секојдневниот комуниколошки процес. Ова се рефлектира во текот на целиот живот на поединецот и затоа ова истражување спроведено од авторот го земаме како показател. Едно од најјасните докаи е тоа што насилството сервирано на телевизијата децата што го консумирааат во период од 4-8 години го рефлектираат како негативна реакција после 16-тата година. Затоа треба да се биде внимателен во секој момент на растењето на една единка од дете во зрела личност.
Вршеното истражување за зголеменото насилство кај младите од 16 до 18 години под влијание на насилството на телевизијата, во 2013-та година како автор ме донесе до еден нов видик на насилната телевизиска програма, која секојдневно се сервира на телевизиските програми .
Телевизијата како медиум, сè уште го има епитетот на најмоќен медиум за влијание врз сите, особено врз младата популација. Самото ова по себе е доволен фактор за појава на разни видови ефекти кај младите, под нејзино влијание , а оттука и на повеќе видови агресивни форми на однесување. Како најпривлечен медиум нејзиното влијание е многу присутно во секојдневието, но со скриени негативни потенцијални содржини за животот и развојот на младите под влијание на негативните и непедагошките пораки кои телевизијата, особено комерцијалната, сè повеќе ги насочува кон младите.
Присутни се состојби на можни манипулации и злоупотреба на младите од страна на медиумите, а во центарот т.е. на најгорниот дел се наоѓа телевизијата, која има важно место во сферата на креирањето на слободното време, истовремено заземајќи значајно место и во воспитувањето на младата популација. Во овој контекст се разгледува зголемената агресија кај младите под влијание на негативните информации пренесени преку телевизијата. Особено е видно насилството кое е присутно во сите форми на телевизиското програмско комуницирање. Телевизиското насилство преку сè поголемото присуство на реални шоуа, емисии за поттикнување на ниски нехумани морални вредности, богатење, удобен живот, алчност и создавање на морален релативизам преку погрешна медиумска телевизиска социјализација.
Зголемената агресивност кај младите под влијание на општествените промени, политичките превирања, сиромаштијата, невработеноста и слични појави се поприсутни во негативен контекст, ја зголемуваат во еден дел ѝ насилните содржини на ТВ-екраните, емисиите со низок морален и естетски израз. Јавноста на сите присутна во сè помасовните и почестите реални шоуа, а се поттикнато од комерцијалноста на телевизијата која сака својот примат за моќно влијание врз публиката на овој начин да го задржи и да го контролира. Сите овие податоци и насоки се многу значајни прашања во рамките на светската комуниколошка мисла, кои се обидуваат да дадат точен модел и форми на комуникација меѓу младите и телевизијата од аспект на воочување и докажување на програмите кои ја поттикнуваат агресијата кај младите и во кој обем е присутна таа.
Поттикнувањето на негативни агресивни реакции кај младите од страна на одделни програмски појаси, многустрано штетено влијае на развојот на една млада личност. Пораките добиени од телевизискиот екран во секој случај можат да ја поттикнат агресивноста, да се зголеми стравот и сомнежот, како и да се спречи развојот на идентитетот кај младиот човек. Ноќното седење пред телевизорот може да предизвика нарушување на сонот кој е важен за емотивниот и когнитивниот развој и за опстојување на секоја личност.
Сите овие насочени елементи од влијанието на телевизијата со нејзиното прикажано насилство врз негативното однесување на младите, може да го примените во секоја секојдневна комуниколошка форма што се остварува, дали во домот, училиштето, на улица или во другите социјални средини.
Така младите во која било од назначените, но и друга средина, немаат вграден или научен систем на комуникациски вештини кои го применуваат за позитивен комуникациски однос. Така многу лесно може негативно да влијаат врз секоја личност, а особено врз помладите, со што таа може да изгради нападен или, пак, одбранбен негативен систем на комуникација, пред сè со насилство, кое никогаш не вродува позитивен ефект.