На 3. октомври од 12 часот во Домот на културата “Браќа Миладиновци “ во Струга во организација на Културниот центар “Бран“ од Струга и Меѓународната ревија за литература „Бранувања“ ,ќе се одржи Послание за писателот Петко Шипинкаровски (1946-2020).
На Посланието ќе бидат промовирани двете постхумно издадени дела на авторот Шипинкаровски, поемата „Обденица“ и зборката раскази „Вечен живот“.
Пред присутните ќе се направи осврт на творештвото на авторот а ќе биде отворена и изложба на портрети и фотографии од насловните страници на списнаието “Бранувања“.
Организаторите ќе доделат и Блгодарници на поединци, медиуми и институции што ги подржуваат нивните активности.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.