Новина во сообраќајот во милионскиот главен град на Јапонија, Токио. За да останат тротоарите слободни, и луѓето да можат да минуваат без пречки, а поради големиот сообраќај со велосипеди ,во Токио деновиве се отворени подземни паркинзи за велосипеди. Името на овие паркинзи е Eco Cycle и кога се гледаат однадвор делуваат како големи телефонски говорници. Всушност има надворешни врати кои водат до местото каде што секој може да го остави својот велосипед без тој да пречи никому, а во еден ваков „трезор“ може да се остават и неколку илјади велосипеди.
За осум секунди велосипедистите можат да го остават, односно да го земат својот велосипед . Исто толку време е потребно за велосипедот оставен на овој паркинг да се смести, односно да се пронајде од илјадниците велосипеди и да му се врати на сопственикот.
Цената на месечната паркинг услуга изнесува само 25 долари, а во Јапонија во моментов има 50 вакви паркинзи за велосипеди. Во Токио 14% од целиот сообраќај се одвива со велосипеди, па оттаму е оваа идеја во јапонскиот главен град да се направат подземни и надземни (затворени) паркинзи за велосипеди.