ВО ПОЛН УМЕТНИЧКИ ГЛАМУР: Сезоната на “Сиот тој наш џез” – може да почне!

Задолжителна „Џез-лектира и гламурозен почеток на новата концертна сезона на Националниот џез-оркестар, со која ќе биде отворена со значаен и впечатлив настан- концертот насловен „Џез-лектира: Quintessence by Quincy Jones!”

Концертот ќе се одржи на 24 јануари 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Македонска Филхармонија, а во центарот на вниманието ќе биде огромниот и влијателен биг- бенд опус на музичкиот гениј Квинси Џонс. Од неговите почетоци во 1959 година, па сè до неговиот подоцнежен период како аранжер и продуцент, концертот ќе понуди уникатна прилика за слушање

ексклузивни неиздадени аранжмани, како и композиции што го оформиле неговото култно музичко наследство.

Како солисти на овој концерт ќе настапат истакнати имиња од македонската музичка сцена: Калина Велковска, Светлана Јовановска, Ана Петановска, Дејан Бобиќ – Дексо, Сашо Гигов-Гиш и Џон Илија Апелгрен, а диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.