Почна снимањето на краткиот игран филм „Северниот пол” по сценарио и во режија на Марија Апчевска.Филмот е приказна за 16 годишна девојка која се обидува да пронајде каде припаѓа. Проектот беше еден од двата наградени филмови на програмата European Short Pitch – Nisi Masa, 2019.
Главните улоги ги играат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски.
Филмот се снима на 16mm филмска лента и е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков од Кино око, а копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ од Сервиа Филм a sнимањето се одвива на „Северниот пол” ќе се одвива на локации во Скопје и Македонска Каменица, а постпродукцијата во Будимпешта и Белград.