Париз, планира да го забрани пристапот на туристичките автобуси до центарот на градот, присилувајќи ги посетителите во француската престолнина да пешачат, да возат велосипед или да користат јавен превоз. Овој чекор е резултат на многу поплаки од локалното население заради огромниот број на туристи кои им го отежнуваат животот и движењето. Парижаните се загрижени поради приливот на туристички автобуси.Париз е преплавен со десетици двокатни автобуси кои ги развезуваат туристите меѓу главните атракции, како и меѓународните туристички автобуси кои ги возат патниците од цела Европа.
Минатата година посетеноста во Париз и регионот достигнаа рекордни 50 милиони лица , а во 2017 година се пријавени 48 милиони. Франција е најпосетуваната земја во светот. Минатата година, нејзините гости имаа вкупно 89,4 милиони луѓе. Во 2017 година, нивниот број изнесувал 86,9 милиони.
Во Париз претстои да биде донесен нов Правилник, со кој ќе се бара сообраќајот на автобусите да биде намален, а паркинзите за нив да бидат поместени надвор од градот, за да нема големи превозни средства да возат до централните делови.
Новиот закон за сообраќај во Франција ќе им даде на локалните власти поголема моќ за регулирање на локалниот сообраќај, како и за воведување на нови транспортни опции како што се изнајмување на велосипеди и електрични скутери. Според властите на Париз ,туристичките водичи треба да се прилагодат со развој на велосипедски или пешачки тури со слушалки.