Оперски репертоар – „Риголето “од Џузепе Верди

На репертоарот на МОБ оваа пролет под диригентска палка на Бисера Чадловска, во режија на  Нина Најденова (Бугарија),со кореографија на Саша Евтимова, Киро Павлов во улогите :Ристе Велков,Нада Талевска –Спасовска , Зоран Сотиров,  Александар Стефаноски,Ирена Кавкалевска,Ернес Ибраимовски , Диме Петров како и други солисти како и прекрасниот хор , оркестар и балетскиот ансамбл на МОБ.

Безвременската приказна на Риголето почнува во дворецот на војводата од Мантова каде се одржува бал. Војводата и се додворува на грофицата Чепрано. Дворскиот шут, Риголето го исмејува грофот Чепрано, а Маруло им кажува на присутните дека Риголето тајно има млада и убава љубовница. Тие се договараат да ја грабнат. На балот пристигнува грофот Монтероне, чија ќерка војводата ја обесчестил. Сите се подбиваат со него, најмногу Риголето. Монтероне ги проколнува и Риголето и војводата.

Opera

Во домот, Риголето спокојно разговара со својата ќерка Џилда, а на дадилката Џована и наредува никој да не влегува во нивниот дом.Тој заминува загрижен, а во домот доаѓа војводата престорен како студентот Гуалтиер Малде. Ја поткупува Џована со пари, таа го пушта внатре и на Џилда и изјавува љубов. Пред домот се собираат дворјаните со намера да ја грабнат Џилда. Со нив е и Риголето на кого му кажуваат дека ќе ја грабаат грофицата Чепрано која живеела блиску. Со превез на очите, во грабежот учествува и Риголето држејќи ја скалата. Кога работата е завршена, Риголето со ужас разбира дека е излажан и дека учествувал во грабежот на сопствената ќерка. Клетвата на Монтероне почнала да се обистинува.

Во дворецот на војводата, дворјаните разбираат од Риголето дека Џилда му е ќерка. Во бес, Риголето влетува во одаите на војводата. Џилда посрамена трча кон татка си. Тој се колне дека ќе се освети. Џилда го моли да му прости на војводата.

Во крчмата на Спарафучиле, Риголето прави договор со него, војводата да биде убиен. Ја испраќа Џилда престорена во машко, но таа се враќа со намера да се сретне со Војводата. Го слуша разговорот помеѓу Спарафучиле и Мадалена, при што таа го моли да го поштеди војводата. На вратата од крчмата, во мракот Спарафичиле ја убива Џилда, сакајќи на тој начин да ги оправда парите пред Риголето. Тој бара да го види телото завиткано во вреќа. Со ужас констатира дека е тоа неговата ќерка. Пред смртниот час Џилда го моли да и прости. Риголето се присетува на проклетството на Монтероне.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.