Oнлајн-претстава на Кумановски театар -вчерва на репертоарот „Раскол“

Кумановскиот театар продолжува со претстави на интернет и за публиката. Вечерва  онлајн ќе ја прикаже претставата РАСКОЛ која  ќе биде трета претстава достапна за јавноста на ваков начин.

„Раскол“ премиерно е изведена  во септември 1998 година и  е  најдолго одржана на репертоарот, од 1998 до 2006 година. На фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп актерот Драгиша Димитријевски ја доби наградата за најдобро актерско оставрување.

Кумановскиот театар со „Раскол“, исто така, учествувал на голем број фестивали во земјава, како и во Бугарија, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Аргентина.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.