Колекцијата е достапна како резултат на добрата соработка со голем број дистрибутери и продуценти за да одговори на потребите и очекувањата на публиката во овој тежок период и квалитетно да исполни дел од своето време дома преку содржини кои не се дел од каталогот на глобалните играчи, како и да придонесе против ширењето на вирусот.
Не е заборавена ниту најмладата публика за која се достапни филмови со превод, како и синхронизирани филмови меѓу кои и на македонски јазик. Освен ова, платформата во соработка со Филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија го направи бесплатно достапен и детскиот каталог со промотивен код.
Инаку, уште од официјалниот старт во 2017 година, платформата Cinesquare се обидува да ѝ понуди на локалната публика разнолик каталог на филмови, фокусирајќи се особено на домашните, регионалните и европските продукции. Колекцијата вклучува играни долгометражни филмови, документарци и кратки филмови кои се достапни бесплатно во земјава, како и во Романија, Бугарија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Косово, Албанија, Грција, Кипар и Турција.
Cinesquare е платформа е онлајн видеотека за изнајмување на филмови базирана врз системот на видео на барање (Video on demand) по принципот на HBO GO, Нетфликс, Амазон и др.
Платформата е иницијатива на дистрибутерската куќа „Катавеј“ и поддржана од Еуримаж, Агенцијата за филм на Македонија и потпрограмата МЕДИА на „Креативна Европа“.