Со претставата „Меѓуигри 0-24“ на босанскиот актер Зијах Соколивиќ, синоќа беше отворен Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Оваа година програмата е скратена, но во наредните десетина дена публиката ќе има можност да ужива во претстави од театри од државава, Србија и Бугарија.
Утре ќе биде прикажана претствата „Фанови“ во продукција на „УГД“ Штип, потоа Театар „Антон Панов“ од Струмица, со претствата „Секс, лаги и љубомора“, Театарско друштво „Маскарад“ Софија со претствата „Не се клади на Англичани“ во режија на Владлен Александров, Театар комедија Скопје, со „Човек, ѕвер и доблест“, Театар „Славија“ – Белград, Србија со „Женски разговори“ и домаќините Театар Куманово со претствата „Солдат“.
Поради мерките за заштита од коронавирус, во салата можат да присуствуваа само 100 посетители. Картите не се пуштени во продажба туку ќе се поделат бесплатно со онлајн пријавување на страницата на Центарот за култура на денот на претставата во одреден временски рок, кој ќе го одреди организаторот.