Охридско лето-Концерти и балетска претстава изминативе два дена, следува викенд со интересни програми

Ренимираниот фестивал Охридско лето секоја вечер нуди најразлични содржини и за љубителите на музиката, театарот, балетот и операта. Пред два вечери (17 јули) најавуваниот концерт на полското Трио „Пендерецки“ во црквата „Света Софија“ беше концерт за паметење во рамките на Полската вечер на фестивалот „Охридско лето“.

Младите уметници, талентираниот пијанист Конрад Сколарски, виртуозот на виолина Јарослав Наджицки и извонредниот виолончелист Карол Марјановски изведоа пријано-трија од Јозеф Хајдн, Сергеј Рахмањинов и Клод Дебиси,а за одбраниот репертоар и за нивниот врвен артизам беа наградени со бурни аплаузи.

Задоволството беше од двете страни и од страна на публиката, но и од страна на ументиците кои беа со позитивни импресии за акустиката во црквата која е перфектна, за публиката која ја чувствувавле како  да музицира заедно со нив и со еден збор за овие врвни полски уметници Охридско лето е еден од најдобрите фестивали на којшто тие настапиле од секој аспект.

Задоволство и од страна на покровителот на настанот  Почесниот конзулат на Република Полска со седиште Охрид и Еуростандард банка.

Концертот на финскиот пијанист Оли Мустонен на фестивалот „Охридско лето“ се одржа вчеравечер од 21 часот. Виртуозот на пијано Мустонен  настапи во црквата „Света Софија“ во рамките на традиционалната Вечер на Европската унија.

Се работи за голем уметник кој започнува да учи пијано на само 5-годишна возраст, а негов учител бил еминентниот пијанист Ралф Готони. Во светот е познат по неговите врвни интерпретации на пијаното, додека пак во родната Финска е многу ценет како композитор. Мустонен исто така е ангажиран и како диригент на Фестивалскиот оркестар во Хелсинки кој самиот го основа. Покрај тоа го предводи оркестарот Тапиола Симфониета и е уметнички директор на Музичкиот фестивал во градот Турку.

Како и неговиот сонародник Еса Пека Салонен, Оли Мустонен во светот е познат по неговите врвни интерпретации на пијаното, додека пак во родната Финска е многу ценет како композитор. Мустонен исто така е ангажиран и како диригент на Фестивалскиот оркестар во Хелсинки кој самиот го основа. Покрај тоа го предводи оркестарот Тапиола Симфониета и е уметнички директор на Музичкиот фестивал во градот Турку. Во 1991 година потпишува ексклузивен договор со издавачката куќа Дека за која снима ЦД со Прелудиуми од Шостакович и Алкан, издание кое е наградено од страна на списанието Грамофон за Најдобра инструментална изведба. Голем број од снимените материјали на Мустонен ги издава финската компанија „Ондине“. Како инструменталист е особено активен на концертните подиуми во Европа и Австралија, а композиторот Родион Шчедрин му го посветува Концертот за пијано и оркестар бр. 5

Вчеравечер пак Македонската опера и балет на Охридско лето гостуваше со Балетската претстава „Либертанго“ А. Пјацола,  која е одлично прифатена од публиката, а остави и дличниимпресии пред публиката од Долни Сарај.

Годинешното 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со најавената пеограма и викендов што е пред нас.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.