Денешен наш соговорник е личност која одлично работи и делува во повеќе области и тоа како одделенски наставник, лиценциран директор, претседател на невладино здружение и иновативна бизнисменка.
АЛЕКСАНДРА– Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам на поканата за интрвју на Вашиот портал. Ми претставува особена чест и задоволство за овозможената прилика да се зборува за различни аспекти од мојот живот. Согласно моите постдипломски студии од областа на менаџмент на човечки ресурси, како и лиценцата за Директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, во областа на менаџирањето започнувам од 2014 година кога основам здружение ( ЗЕОООП, Здружение за значење на еколошкото образование во осовременување на образовниот процес ), а понатаму менаџирајќи ги процесите основам и претприемачки бизнис кој исто така ја подигнува јавна свест за животната средина и влијае на квалитетот на воздухот.
Кажете ни нешто повеќе за Вашето здружение?
АЛЕКСАНДРА– Здружението ЗЕОООП, работи и делува во областа на животната средина со акцент на едукација. Поврзаноста на глобализација, меѓународната ориентација и еколошка едукација во формирањето на еколошката култура во решавањето на еколошките проблеми како и соработка со организации, институции и здруженија од хуманитарен, научен, културен, спортски, забавен, здравствен и образовен карактер и др, соработка со меѓународни организации, институции, здруженија и поединци кои се занимаваат со иста или слична дејност во изминатите години ни овозможи и ни отворија многу врати да бидеме апликативни на проекти и тоа од сите донатори во нашата држава. Проектите Најчесто се во однос на едукација за Климатски промени, подигнување на јавната свест за правото на здрава животна средина, зајакнување на капацитети на граѓански организации …. Неодамна добивме проект поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, во партнерство со здружение од Струга, каде што проектот ќе се реализира на два јазици – Албански и Македонски јазик, а се нарекува – ” КЛИМАТСКА ЕДУКАТИВНА АКЦИЈА – УЧЕСТВУВАЈ И ТИ “. Штотуку добивме резултати од повик на Општина Аеродром во кој аплициравме за проект наречен Со климатска акција до одржлив развој, кој проект исто така го добивме. Дополнително, очекуваме информации од субгрантиран проект од ЕУ кој се нарекува Младинско учество преку имплементација на Архуската Конвенција на локално нивo. Во минатото работевме на проектот се викаше ” Животната средина те менува – набљудувај, проучувај, истражувај ” поддржан од Општина Кисела Вода, потоа ”Со климатска акција до одржлив развој”, поддржан од Општина Аеродром. Понатаму имавме проект субгрантиран од ЕУ –Преку Архус и Мастрихт до еколошка транспарента информација, за кој подготвивме и прирачник кој ќе биде водич со препораки за архуската конвенција, а едуциравме повеќе здруженија и граѓански совети на станари кои гравитираат во повеќе општини во Град Скопје и работат и делуваат на локално ниво. Има навистина доста активности. За жал навистина морам да истакнам дека во нашето формално основно образование не постои конкретен предмет кој ја поддигнува свеста за животната средина и се изучува како концепт, но, затоа задолжително 30% од сите предмети треба да се реализират со ЕКО содржини. Како наставник со 20 години работно искуство одговорно тврдам дека хартијата трпи се, и овој процент на часови скоро и да не се применува. Секако, секоја чест на исклучоци.
Кои се Ваши препораки во однос на едукација на ученицвите за животната средина?
АЛЕКСАНДРА– ИТНО И ВЕДНАШ е потребно да се воведе задолжителен предмет со ЕКО содржини во најмала рака за прдучилишно и основно образование. За таа цел, јас како претседател на нашето здружение ЗЕОООП, учествував во работна група на Агенцијата за млади и спорт и тоа во делот на образование и вработување, каде сите членови ја поздравија мојата насока и едногласно изгласаа предлог за воведување на задолжителен ЕКО предмет. Од друга страна пак, како член на работна група за одредување на приоритетите при подготовка на буџетот на Р.С.М, повторно по моја насока издејствував најголемиот дел од буџетот да биде предвиден за образование и животна средина.
Вашето портфолио е доста обемно. Што се е фокус на вашата работа?
АЛЕКСАНДРА– Изминатите 8 години, инвестирав во капацитетите на здружението како и во моето знаење од различни области на животната средина. Согласно сите мои обуки кои ги имам поминато, конференции, работилници,…. во овој момент сум сертифициран обучувач за обуки како и дипломиран комуниколог за кое имам завршено посебна обука во NASEN DIALOG CENTAR, но и автор на повеќе трудови од кој посебно ја издвојувам програмата која ја имам подготвено за потребите на организацијата ЕКО СВЕСТ, а е во насока за едукација од областа на животната средина на пет возрасни групи. Дополнително, поседувам сертификат за обучувач на обуки како и повеќе дипломи за комуникациски вештини…
Што мислите што е причинител за несоодветно менаџирање на далежните институции?
АЛЕКСАНДРА– Ова прашање секгаш ми е предизвик да го коментирам бидејќи јас сум гласноговорник и голем борец за правдина. Па од тука слободно можам да истакнам дека “куртцшлусот” доаѓа од нашата корумпирана држава во која многу тешко и мачно можат да се истакнат на пиедесталот оние кои навистина се професионалци и си ја познаваат работата. Кога го споменувам ова мислам на неправилно распределените средства за борбата против климатските промени како и сите делови кој ја опфаќаат животната средина, но и некомпетентното назначување на лица на раководни функции . Повторно ќе потенцирам, Секоја чест на исклучоци кои се навистина ректи.
Кажете ни нешто повеќе за Вашата бизнис компанија?
АЛЕКСАНДРА – На оваа тема и во иднина ќе зборувам уште многу. Тоа е еден начин на кој врз основа на моја долгогодишна и опсежна анализа и опсервација дојдов до заклучок дека можеме да придонесеме за зачувување на здрава животна средина и да влијаеме на квалитетот на воздухот. Па затоа, здружението ЗЕОООП доби своја подружница – која врши еколошка карго достава, најпрвин во општината во која ни е седиштето, а тоа е Општина Аеродром, а потоа ќе се шириме и на други локации. Секако дека вакво нешто веќе постои во светот и кај нас, но овој пат потмогнати од еден наш одличен менаџер на претприемачки бизнис одлучивме франшизерски тоа да го направиме и во нашата општина.
За крај да ни кажете од каде ја наоѓате цела позитивна енергија со која ја плените околината?
АЛЕКСАНДРА– За крај би сакала да потенцирам дека целата своја енергија ја црпам од моето семејство, моите две деца, ќерката Јована и синот Заре, како и од моите ученици кои секојдневно ме опкружуваат.
Татјана Гогоска
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.