Во медиумските кругови многу често се повторува еден анегдота, базирана на вистинска случка, во која главна улога е позната телевизиска новинарка. Имено, пред повеќе од десеттина години одбрана екипа од македонски дами и наша светска пејачка уметница присуствувале во Истанбул, каде имале договорено одржување на уметничко хуманитарен настан.
Кон екипата се приклучила и позната телевизиска водителка, со цел да го води настанот на македонски јазик. По самото пристигнување во хотелот, и по запознавањето со сопствениците, водителката две ноќи исчезнувала (со сопствениците на хотелот), за на крај директорот на хотелот да ја покани на разговор менаџерката која ја воделе екипата и отворено да ја праша: “Вие ни рековте дека носите естрадни уметнички, но не ни кажавте дека ни носите и девојка која се занимава со “други работи”.
Менаџерката се скаменила и останала вчудоневидена, иако и самата била очевитка на ноќните “испарувања” на водителката, а потоа кога дознала што сѐ точно се случило, се вруменила, и почнала да му се извинува на директорот за случувањето. Ја повикала водителката и ја прашала за сето тоа, а таа ладнокрвно само ѝ одговорила “Приватно е тоа, ние преку ноќ само се дружиме”.
Менаџерката уште толку се вцрвила во образите од сето тоа, затоа што и не ѝ се верувало.
Секако, ова отстапува од стандарди на однесување, особено доколку си во официјална претставничка екипа, а уште повеќе од здрав разум.
Во однос на било кое службено патување, нема приватност и “дружење”. Има заедничка програма која мора да се следи и секоја индивидуална постапка исклучиво мора да се одобри од оној кој ја предводи екипата. Но во случајов тоа би било невозможно, бидејќи станува збор за нешто вакво, невообичаено, и секако дека никоја не би отишла да праша дали може возбудливо да “се дружи” преку цели ноќи со, до пред ден два непознатите луѓе, случајот е под голема сензитивност.
Кодексот на однесувањето на водителките е во рамките на целокупното однесување на сите, и би требало да е такво, а секое отстапување од истиот создава претстава и стереотип дека “сите водителки се исти”. Како посочената лесна женска. Лесна водителка. Не како телесно чесна, тоа не е битно. Подобро речено лесно”умна”. Да не го употребиме и зборот, евтина.
Непрецизна слика е ова за тв водителките, и секако ја искривува целокупната слика. Сосема. Водителките, како од секоја друга професија, се личности кои треба да се однесуваат пристојно, да се облекуваат пристојно, да не кокетираат со голотија и недолични фотографии во јавност…па дури ни по бикини, деколтеа и слични провокативни пози. И некои од нив се токму такви, и тие го создаваат предмалку споменатиот стереотип.
Но згора над сѐ, се и личности со поголема одговорност. Затоа што, нив ги знаат и секоја нивна постапка добива значително (неспоредливо поголема од обичен човек) поголем одек. Во случајов секако негативно.
Од друга страна тоа го руши и женското достоинство.
Медиумската професија е подложна на многу контакти, луѓе, дружења, оттука, мора да се биде внимателен и да се има на ум дека информациите за она што ти се случува или го правиш, може да се рашират.
Етичките стандарди во медиум се неопходни. Начелата се познати, како треба тие да изгледаат, а и да не заборавиме дека мнозинството луѓе има апсолутно критички став за вакво однесување.
Работните практики треба да се во склад со достоинствено однесување. Бидејќи, не само што ти претставуваш една јавна професија, во случајов кога си во некаква делегација, ти ја претставуваш и целата земја.
Ова треба да го има на ум секое професионално лице кое решило да се занимава со јавна професија, и никако ни на сон да не помислува “телесно општење” со непознати лица кои лесно може да станат и познати, и тоа на службено патување.
Анегдотата останува “да живее” запишана во еден “жив учебник”кој ќе се чита од устите на луѓето што ќе прераскажуваат, но и примерот како не треба, доколку решиш да се занимаваш со јавна а и со било која професија … Бидејќи, стереотипот ја турка целата таа убава и одговорна професија, која многу водителки ја водат со цело срце, разум и според целокупниот чесен кодекс на работа.
Валентина Ѓоргиевска Парго, независен новинари и уредник во КулАрт