Новата театарска продукција на МНТ „Магбет“, на два фестивали во месец јуни

Во рамките на 54. издание на МТФ „Војдан Чернодрински” во Прилеп, Македонскиот народен театар ќе гостува со претставите „Макбет” и „Силјан Штркот шанца”. Фестивалот ќе се одржи од 7-ми до 15-ти јуни.

Претставата „Макбет” од Вилијам Шекспир, а во режија на Нела Витошевиќ, пред прилепската публика ќе биде одиграна на фестивалското отворање (во официјалната натпреварувачка програма), на 7-ми јуни.

На затворањето на фестивалот, на 15-ти јуни 2019 г., a во чест на нагадените, ќе се одигра претставата „Силјан Штркот шанца”, по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.


На 27-ми јуни, на големата сцена во МНТ, претставата „Макбет” ќе настапи и на 40. јубилејно издание на „Скопско лето”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.