По неколку дневна драма, откако Австралијанските власти одлучија да му ја укинат визата на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, и да не му дозволат влез во Австралија, каде треба да настапува на турнирот Australia open, тој беше сместен во притвор за бегалци. Ноќеска по наше време Судот ја укина Одлуката и на Ѓоковиќ му ја врати визата.
Новак извојува една тешка битка, многу достоинствено и со голема подршка и сега доколку одлучи може да игра на турнирот во Мелбурн.
Владата на Австралија мора да ја поништи одлуката за укинување на визата, да му плати оштета и сите негови лични предмети да му ги врати.
Најлошо е кога политиката, глобална или поединечна, влијае на спортот а во овој случај тоа е најизразено.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.