Публицистичката книга на доајенот на македонското новинарство Драги Агировски, која е 22-ро негово издание, со наслов „Согледувања и нови видици “ излезе во издание на Ри-Графика од Скопје . Книгата ги содржи колумните, обраќањата, анализите, погледите, интерјуата, змачајните средби и активности во изминатите четири години.Во овој период авторот навлезе во деветтата деценија од животот и над 60 години богата новинарска кариера. Овој пат неговите согледувања се со нови видици во кои за прв пат ги објавува и големиот број коментари на социјалните мрежи од Фејсбук.
„Моите заложби се традиционални и констатни за точното и благовремено информирање како значаен фактор во борбата против лажните вести и говорот на омраза, за здружени чекорења по патот на вистината, за соживот и заедништво. Аналитички укажувам и на потребата од подобар стандард и достоинство на живот во третата доба, за поголема заштита на стари лица, за меѓугенерациска соработка и солидарност. Во овој период во интервјуата за „Пензионер плус“, „ Нова Македонија“ и „Вечер“, како и на неколку телевизии и на порталот „ КулАрт“ изнесов сеќавања од минатото како патоказ за иднината, за потребата од спој на животното искуство и младоста, за раѓањето и историјата на Македонската телевизија и друго и вели авторот Аргировски.
Книгата е подготвувана во време на пандемијата, па и не случајно во неговите колумние фокусиран на состојбите и последиците во нашата земја од коронавирусот, за самоизолацијата и потребата од релаксација, за епидемијата и поуката за ширење на човечноста, за нејзиното влијание на економската криза и сирмаштијата, за потребата од поголема медиумска писменост и на возрасните кои и во овие услови не треба да се заборават од своите , но и од државата.
„При тоа настојував да изнесувам аналитички проверени факти, бидејќи во ова време невреме, вистината е се повеќе понеминовна. Се разбира неопходно е што повеќе да се шири вистината за секој проблем, но и да се нудат прави решенија за нивно ублажување и надминување“- вели авторот кој порачува и дека треба да се живее со вистината и таа треба сите да ја подржуваме и сакаме како животен патоказ.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.