Ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Затоа подгответе се за еден час повеќе за спиење, но од утре и пократок ден..
Секоја година последниот викенд од октомври има промени во сметањето на времето. Ноќеска во три часот по полноќ стрелките на часовникот се враќаат еден час назад т.е на два часот. Иако имаме еден час повеќе за спиење, кратењето на денот и светлината знае да биде понкогаш тешко прифатлива за поединци.
Следна промена на времето ќе има последниот викенд од март кога почнува летното сметање на времето. Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ засега нема донесно конечена одлука до кога ќе се поместуваат стрелките на часовникот.
Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Промена на сметањето на времето нема во Јапонија, Кина, Јужна Кореја и во африканските земји.