Наместо конкретни мерки – Охрид и Охридското езеро оставени на немилост на поединци

Техничката Влада на  Република Македонија направи промени во членовите на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион. Додека јавноста чека конкретни резултати во Владата е очигледно најважно да се направат кадровски промени.

Од членови на Комисијата се разрешени Донка Барџиева – Трајковска, Елеонора Новаковска и Сашо Коруновски, а на нивно место се именувани Јулија Тричковска, Горан Патчев и Ана Петровска.

Донка Барџиева – Трајковска, решението го сподели на Фејсбук со саркастичен коментар: „Одличен потег на владата! Во услови на епидемија мора да се отстранат сите кои на било каков начин можат да ја загрозат!“…..

Можеби ова е следствен чекор затоа што Барџиева-Трајковска беше најгласна за заштитата на Старата скопска чаршија,з за која сметаше дека наместо да се реставрира и заштитува се дозволува да и се менува ликот и да се уништува како наше културно богатство.

Објаснувањето на ова Решение од страна на техничката влада не се однесува на  стручноста и заложбите на смнетите, туку на технички прашања околу тоа од каде биле номинирани.

Одамна роковите од УНЕСО се пробиени а во Охридскиот регион ништо позитивно не се случува и не навлегувајќи во стручноста на новите членови Јулија Тричковска, Горан Патчев и Ана Петровска, забелешка дека токму за нив нема објаснување од Владата по кој технички основ  се токму тие избрани.

Роковите за исполнување на препораките од УНЕСКО за заштита на Охрид и регионот поминати, а досега надлежните исполнија само дел од административните задолженија но останаа проблемите со инфраструктурата. Во меѓувреме пандемијата со коронавирусот одложи дел активностите за заштита на подрачјето.

Последниве денови повторно се актуелизираше проблемот со дивоградбите на крајбрежјето на Охридското Езеро, откако активистите  дека кај авто-кампот „Градиште“ повторно се гради нелегален ѕид на брегот.

Неодамна и Државната комисија за спречување на корупцијата побара од Владата да ги одземе надлежностите  на сите општини за уривање на нелегално изградените објекти во охридско-струшкиот регион под заштита на УНЕСКО, со образложение дека предвидените средства на Општина Охрид за оваа намена се премалку.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.