НАЛЕЈ , НАЛЕЈ – МАКЕДОНИЈА Е ЉУБОВНА ПРИКАЗНА!

    Некои приказни се безвременски! Некои од нив ги знаеш со години ,некои и после мноу години ќе успееш да ги дознаеш,научиш.

    Оваа приказна испеана во песната “Налеј,налеј“, ја разбрав пред една недела. Не знам како не сум ја чуча претходно. Но,никогаш не е доцна ,погоово што борбата на макеоднскиот народ опеана тука сеуште трае.

    А таа е:

    Младите Македонци, солунските атентатори, гемиџиите, само неколку месеци пред настаните во Солун, во Париз, во една мала коноба, со симпатично име „Утро“ на убавата сопственичка и ја пееле „Налеј, налеј меанџико“. Меанџиката, подоцна стаписана од нивните подвизи и нивната смрт, тажна за нејзините македонски пријатели не се омажила никогаш и починала во 1939 година, носејќи го споменот за нив. Приказната за мадам Мадлен и Солунските атентатори, случајно раскажана од една млада Мароканка, се најде во книгата на пензионираниот новинар Никифор Смилевски.

    Париз, Март 1903 година

    Мадам Мадлен, наточи еден бокал вино, од тоа бордото подвикнува група од неколку момчиња седнати на маса во мала тесна коноба во Париз. Преноќиште со провокативно име „Л`матен“ или „утро“ на француски. Вкусните чорби, пансионот и убавата сопственичка Мадлен се магнет за младите гости од Балканот кои често навратуваат во „Л`матен“ при нивниот престој во Париз. -Ќе ви наточам вино, ама ако ја запеете онаа ваша песна, што е и моја и ако ми ја посветите мене“ – одговара провокативната мадам Мадлен, која е сопственичка и во исто време ги послужува гостите во „Л`матен“. Не чекаат да им се каже два пати, екнува текстот на песната: „Налеј, налеј (меанџико) Мадлен од црното вино….И ние право имаме да живеејме“… Стразбур, Франција.

    Крајот на 90-тите години на минатиот век Случајна средба на велешанецот Веле Алексовски, професор по француски јазик со Жан Бернанже, млада Мароканка. Сосема случајно, двајцата требало да магистрираат на различни теми, но кај исти професори. Веле, на тема за „Македонскиот народ и македонското прашање во Првата светска војна“, а Бернанже на тема „Мароканските војници во првата светска војна во Македонија“. Својата тема, Бернанже ја подготвувала во Париз, отседната во еден мал пансион, со име „Л`матен“ или „утро“ на француски. Но, велешанецот Алексоски се заинтересирал од каде и е идејата на Жан за Македонија, за мароканските војници кои биле дел од француските војски во првата светска војна, како и тоа, дали била Македонија? Жан Бернанже не била никогаш во Македонија, но како што му објаснила, знае една многу интересна песна и легенда за Македонија што и ја раскажал стариот меанџија во Париз додека го подготвувала трудот. Приказната за големата љубов на неговата тетка, мадам Мадлен, сопственичка на пансионот, која не се омажила никогаш, починала во 1939 година, но која постојано ги споменувала велешките гемиџии и тажно ја потпевнувала песната: „Налеј, налеј меанџико, од црното вино“. 

    „Имав две љубови и две невозвратени„ -„Едната е таа а другата Македонија“!

    Срќен и вековит празник Македонијо !

     

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.