Оскарите за оваа година се закажани за 25. април, но има многу различни мислења за тоа кој филм ќе биде прогласен за најдобар. Најголем фаворит е „Менк“, но кога се Оскарите во прашање не треба да не изненади ништо.
„Менк“, во режија на Дејвид Финчер, е убедливо најголемиот фаворит во трката за Оскарите. Кандидат е во 13. категории, а обложувалниците предвидуваат дека ќе земе дури 10. златни статуи. Покрај овој филм, предвидувањата на критичарите и обложувалниците вклучуваат уште десетина дела. Филмот „Менк“, би било првото достигнување на Нетфликс на кое ќе му биде доделен Оскар. Филмот, во режија на Дејвид Финчер, а напишан од неговиот татко Џек а дејството се одвива во Холивуд во 30-тите години на минатиот век и ја раскажува приказната за сценаристот Херман Менкијевиќ, склон кон алкохол, кој се бори да го комплетира образецот за филмскиот класик на Орсон Велс “Граѓанинот Кејн“. Менкијевиќ во филмот го игра Гери Олдман, веќе во потесниот избор за најдобра улога, а во потесниот избор е и оригиналната музика потпишана од Трент Резнор и Атикас Рос.
Во фаворитите на високото место е и филмот „Земја на номадите“ од американската режисерка со кинеско потекло Клои Зао, која беше наградена со „Златен лав“ во Венеција. Земјата на номадите беше премиерно прикажано, а потоа следуваа и награди на други фестивали. Филмот ја следи Ферн, жена која откако изгубила сè во економската криза, седнува во комбе и крстари по Америка, работи повремени работи и се среќава со волни и неволни модерни номади како неа.
Клои Зао е една од тројцата режисери кои влегоа во потесниот избор за наградата на Американската академија, а Френсис Мекдорманд е и во најтесниот избор за најдобра актерка со оваа улога, и доколку добие Оскар, тоа ќе биде нејзина трета златна статуа во кариерата.
За другите фаворити на филмски остварувања за Оскари 2021 ќе информираме во текот на подготовките на ова најголемо филмско случување во светот.