Најава на концерт- Пред јунскиот концерт во Скопје на виртуозот Andre Rieu

„Македонско девојче“ –народна песна, историја, традиција  и идентитет

По најавата на големиот виолинист и концерт мајстор Andre Rieu дека на својот концерт,  за прв пат пред македонската публика на 6-ти јуни ,со својот оркестар и хор ќе ја исполнува нашата  „Македонско девојче „ , никој не останува рамнодушен. А оние што со нетрпение го очекуваат неговиот концерт, секако се подготвуваат за едно музичко емотивно доживување.

Колку оваа песна е  историја, традиција и идентитет покажуваа т фактите за создавањето на оваа песна. Таа е создадена во 1964 година од големиот пеач на народни песни и уметник Јонче Христовски . Потоа во тогашните студија на Радио Скопје-Македонско радио ја снимија и  Кирил Манчевски и Виолета Томовска а ја пеат многу генерации и секако ќе остане како вреден паметник .Таа песна е повеќе од 50 години дел од народниот идентитет  на Македонците.

Кратко, таа не е само песна,таа е историја, традиција  и идентитет

Пред извесно време беше изведена  и од шпанскиот оркестар Barcelona gipsy Balkan orchestra при промоција на нивниот нов албум во Германија каде е ставена и нова обработка на оваа македонска мародна песна.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.