Во Програмата на Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ на последното издание на Фестивалот во септември 2019-та, првпат беше воведена наградата за животно дело „Анче Џамбазова“ во чест на една од најголемите наши актерки, која важеше и за мајстор на комедијата. Во рамки на Програмата беше премиерно емитуван документарниот филм за актерката Анче Џамбазова.
Филмот пред пошироката јавност ќе биде емитуван онлајн на 4 април, сабота, со почеток во 20 часот на јутјуб-каналот на кој се емитуваат претставите на Театар „Комедија“.
Режисер на документарниот филм е Миле Гроздановски, а сценарист и асистент на режија е Гоце Трајковски.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.