На 25 октомври излегува новиот сингл на Дамиано Давиде “Born with a broken heart”

18.10.2024

Н 27 септември 2024 година италијанската евровизиска рок ѕвезда Дамиано Давиде, од групата “Манескин”, на својата милионска публика ѝ ја подари песната со наслов “Silverlines” со која како што рече тој, почнува соло кариера, а веќе нецел месец потоа најавува нова.

 

Имено, на 25 октомври ќе излезе неговата соло песна “Born with a broken heart”.

Ако во претходната рече дека како индивидуалец ќе може повеќе да ја прикаже својата експресивност и вулнерабилност, во оваа повторно ја задржува истата текстуална линија, но мелодијата е сепак малку подинамична.

Тој вели дека и “Макескин” продолжува со работа и одат и натаму на бројни концерти и турнеи.

Дамиано важи за голем музички симбол и идол на младите девојки. Роден на 8 јануари 1999 година во Рим, Италија, вели дека ја сака музиката, уметноста и жените. Го обожава чувството од убава облека и мирисот на убав парфем.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.