недела 24 ноември, 2024

Запознај ја Преспа, нејзината традиција, храна и убавини

На 15 и 16 јуни во Преспанскиот регион, за прв пат ќе се одржи манифестацијата „Запознај ја Преспа“ чија цел е да ги прикаже традицијата и убавините на овој регион и да го стави на  место какво што заслужува на туристичката мапа.

Во рамки на манифестацијата се планирани дегустација на традиционална храна подготвена од „Рурални жени од Преспа“, од делот на регионот од земјава, но и од соседните Албанија и Грција, презентација на локални органски производи и локални производи од јаболко, турнир во одбојка на плажа, фолклорни танци, игри и забави за најмладите, а во рамки на манифестацијата ќе се одржи и познатата велосипедска трка „Tour de Galicica“, како и планинарска тура.

Планирано е и одржување панел-дискусија на која ќе учествуваат и млади од Грција и Албанија, а ќе разговараат за европските придобивки за регионот Преспа – искуства и можности.

Ова  е еден вид промоција во која вклучуваме повеќе настани, како што е посета на фармата Spirit of Prespa“,  потоа организација на туристички саем или промотивен панаѓур на производи на храна на фирмите кои опстојуваат во овој регион, презентација на нашиот фолклор, на нашата традиција.  Овој е специфичен регион, предел на тромеѓе меѓу нашата земја, Албанија и Грција. 

Ана Лабор, претставник на фармата „Spirit of Prespa“, која е координатор на настанот што на 16 јуни ќе  се одржи на плажата „Дупени бич“, вели дека станува збор за еден мини туристички саем или панаѓур во чии рамки ќе бидат прикажани што е можно повеќе традиционални работи кои се карактеристични за Преспа. Ќе бидат застапени  „Руралните жени од Преспа“, здружение во кое членуваат 15 жени од македонска, турска и албанска националност, кои ќе бидат на плажата каде ќе приготвуваат традиционални јадења и ќе ги презентираат пред гостите.

Ќе бидат поставени и штандови на кои ќе бидат презентирани локални органски производи, како и производи од јаболко што ги прават земјоделците од Преспа. Секако дека производителите и одговорните треба јавно да го кажат сите проблеми што настануваат со јаболката кои наместо на пазарите и фабриките завршуваат во езерото и на плажите околу него.

На презентацијата на преспанската храна, ќе има гости од преспанскиот дел на Албанија и Грција, жени кои се партнерски здруженија на здружението од Преспа кои ќе донесат нивни традиционални јадења и ќе ги изложат пред гостите. Настаните на манифестацијата ќе се одржат на неколку локации во Преспа. Организатори се Општина Ресен, „Рурални жени“, „Prespa Bike“, во партнерство со Агенција за млади и спорт, „Spirit of Prespa“ и „Преспа“.

 
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }