Во 65-та година од животот во Лос Анџелес почина актерката Мира Фурлан. Причината за смртта не е откриена, иако нејзиниот пријаел J. Michael Straczynski, автор на научно-фантастичната серија „Вавилон 5“, во која играше и Фурлан, објави дека знаел оти здравјето и било се полошо.
Мира Фурлан е родена во Загреб, 1955 и во 80-ите години беше една од најпознатите и наградувани југословенски филмски актерки. Во тој период играше во филмовите „Киклоп“ (1982) на Антун Врдољак, „Во челуста на животот“ (1984) и „За среќа се потребни тројца“ (1986) на Рајко Грлиќ и „Убавината на порокот“ (1986) на Живко Николиќ.
Во почетокот на 90-ите замина во Америка, каде ја продолжи својата кариера. Меѓу најзабеланите се нејзините стварувања во глобално популарните серии „Вавилон 5“ и „Изгубените“.