Медитерански градини – Предизвик за убав хортикултурен простор

Многу книги се напишани за медитеранските градини. Една од основните карактеристики на медитеранските региони е разновидноста на микроклимата во помали области. Понекогаш е доволно да прошетате само стотина метри и веднаш ќе почувствувате поинаква микроклима.

Ќе ја земеме како пример Хрватска, каде на помала територија  особено е изразена таа разноликост на медитеранската клима, односно во Ровињ или Опатија може да одгледувате лимони и бугенвилија, додека пак во средишниот дел на Истра, во местата Тињан или Пазин не успеваат ниту смокви нити олеандер.

hortikultura.mk_rastenija za mediteranski gradini_2
hortikultura.mk_rastenija za mediteranski gradini_3
hortikultura.mk_rastenija za mediteranski gradini_5

За да дознаете до кој степен вашата градина може да биде со медитерански карактер, најдобро е да прошетате низ медитеранските области и да видите кои растенија, интересни за вас, растат во тоа подрачје. Можете да бидете сигурни дека повеќето луѓе веќе се обиделе да садат сè што може да се замисли, но не баш секое растение би преживеало.

hortikultura.mk_rastenija za mediteranski gradini_6
hortikultura.mk_rastenija za mediteranski gradini_9
hortikultura.mk_rastenija za mediteranski gradini_10

Бидејќи сите посакуваат во своето опкружување да имаат медитеранска градина, ќе ги наброиме оние медитерански растенија кои, според нашето искуство, можат да преживеат во поголемиот дел од ова подрачје:

Дел од овие растенија се користат и како зачинско растение во скоро сите медитерански кујни, а дел и како ароматични растенија поради нивниот интензивен мирис.

hortikultura.mk_rastenija za mediteranski gradini_11

Пишува Зоран Ордев

www.hortikultura.mk

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.