15 – от Фестивал на европски долгометражен документарен филм „Седум величествени“ во Белград утревечер (9.април) ќе биде отворен со Македонскиот документарен филм „Медена земја“, кој победи на престижниот фестивал „Санденс“.
Организаторот на фестивалот, кој до 15 април ќе се одржува во Белградската сала Комбанк, а „Медена земја“ го најавуваат како , величествен документарец, создаден од мала екипа посветени документаристи, кои направиле одличен производ.
Во најавата на фестивалот „Седум величествени“, за филмот се зборува низ призмата на малата креативна екипа кои го создадоа филмот за Атиџе и го освоија светот. Камерата и фотографијата на двајца наградени сниматели, Фејми Даут и Самир Љума, креира магични глетки… режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов нè воведуваат деликатно во импресивен свет кој е исткаен од лирски интонирани мигови на интима и од визуелно богати динамични сцени. Најпосле, искусниот продуцент и монтажер Атанас Георгиев сјајно креирал интересна и драматична наративна структура и преку неа ритам кој „Медена земја“ го претвора во вистинско кино уживање“.
Да посакаме успешен Фестивал и да потсетиме дека македонската јавност со нетрпение ја чека можноста да ја види „Медена земја “.