Мал Битолски Монмартр- Кога успехот, традицијата , едукацијата и работата ќе станат тага и немир

Во Годишната програма за култура за 2019-та година Министерството за култура најде за „соодветно“ да го избрише од манифестации кои се од областа на културата и 38 годишното континуирано одржување на Ликовната манифестација за деца “Мал Битолски Монмартр“ . Потоа биле ветени 100.000 денари подршка, но и на два дена од оржувањето не се уплатени на сметката на оваа манифестација ,која е единствена од ваков вид а е една од многу малку манифестации од областа на културата кои се одржуваат исклучиво за деца.

Но и без денар поддршка од државата, а во исчекување Општина Битола да помогне, в четврток почнува 38. издание на детската ликовна колонија „Малиот битолски Монмартр“.

„Монмартр“ ќе се отвори со 38. издание на Светската ликовна изложба, која е од межународен карактер и со реноме надвор од границите во Македонија па е почудно што  од државата годинава не беше издвоен ни денар.

„Мислев дека ќе бидат тотално разочарани, но со поддршка од битолчани ќе истраеме. Средства не се пристигнати од ниедна страна. Тоа што ни го додели Министерството, тие 100.000 денари, ни тие не се стигнати. Ако чекавме на тие средства, немаше ни да се одржи ‘Монмартр’. Верувам дека градот нема да нѐ остави на цедило и ќе помогне“, рече Коста Хаџиантоновски, творец на „Мал битолски Монмартр“.

Досега Фестивалот  добил пари само од една банка, која се јавува како спонзор на манифестацијата, а хотелиерите од Битола без пари ги отвораат вратите да ги примат младите ликовни таленти од цел свет.

Се очекува да присуствуваат 20 екипи со стотина талентирани деца, како и ликовни педагози. Тие од 23 до 30 мај ќе творат во Битола, цртајќи ја градската архитектура, а на 26 мај караванот ќе биде во Охрид. На свеченото отворање со огномет, со почеток во 21 часот, на платото пред Детското ликовно студио во Битолската стара чаршија ќе се доделат наградите на најдобрите ликовни творци, кои ќе допатуваат во Битола. За време на ликовниот караван, секоја вечер ќе има избор на најдобри поединци.

Загрижува фактот дека Националната Програма за култура , уништува или сака да уништи многу манифестации, фестиваи и настани кои имаат традиција и кои се докажани, не само во рамите на Република Македонија туку и надвор. Да се надеваме како Фестивалот на Монодрамата, еве и Малиот Битолски Монмартар, сепак ќе ја изджат оваа неправда и нема да го прекинат континуитетот, со надеж дека ќе дувнат други позитивни ветрови во македонската култура.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.