Македонскиот филм „Медена земја“ го освои светот

Документарецот „Медена земја“ на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, кој триумфираше на најголемиот американски фестивал на независен филм Санденс, во Македонија  на 12 и 13 март,  имаше  затворени проекции за медиумите.

Премиерно филмот ќе се прикаже на Фестивалот на креативен документарен филм Македокс, кој вообичаено се одржува во август. Филмот за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија, на 3 февруари освои три награди на Санденс: Главната награда од жирито, Специјална награда од жирито за влијание за промена (Котевска и Стефанов) и Специјална награда за камера (Фејми Даут и Самир Љума).

Авторите,според изјавите после големиот успех, првично тргнале да прават краток филм за заштита на животната средина во селата покрај реката Брегалница, но случајно ги запознале Атиџе и *-нејзината мајка. По подолг период на снимање, во филмот се вклучила уште една фамилија со тогаш седум, а денес осум деца. Мајката на Атиџе починала додека се снимал филмот и оти е неверојатна животна коинциденција што по неколку години, на истиот ден се роди осмото дете на фамилијата и филмот премиерно се прикажа на Санденс.

Продукцијата на „Медена земја“ од 1-ви март почна со реализација на  кампањата „Донирајте за децата на Медена земја“, преку која се собираат средства за школување на децата од филмот. Исто така авторите и продукцијата прават напори д аи обезбедат пристоен дом на Атиџе.За таа цел, на официјалната веб-страница honeyland.earth е поставен линк за донација.

 

Авторската екипа на филмот се , Љубомир Стефанов, Тамара Котевска, Атанас Георгиев, Фејми Даут и Самир Љума

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.