На 12.2.2021 (петок) во салонот на Националната опера и балет ќе се одржи операта „Кавалерија рустикана“ Пјетро Маскaњи, со концертна изведба, почеток во 20 часот.
„Кавалерија рустикана“ е опера во еден чин, трагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата. Со оркестарот диригира Иван Еминовиќ
Настапуваа солистите: Весна Ѓиновска Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Катерина Стојановска, Соња Пендовска Мадевска, хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.
Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.
Билетите се во строго ограничен број!