Магијата на плетењето – како да го искористите подобро слободното време

Љубител на плетењето и чувар на традицијата Д-р. Елица Перчинкова

Плетењето за мене било начин да се одморам во текот на испитната сесија, да ги искористам покорисно времето додека гледам некој филм или едноставно да се препуштам во тишината на магијата со иглите и конците. А да не зборувам за радоста кога ке направам уникатно парче облека коe мами погледи и прашања од каде го набави. За мене тоа било секогаш магичен процес од нишката конец користејки ги разните видови на техники за плетење и боите да направам магија и да бидам креатор на нешто што е уникатно, носи мој печат и плетено многу љубов и сон во изработката. Иако навидум едноставна вештина, истата носи бројни придобивки. Љубопитноста и љубовта кон рачната работа, особено плетењето ме испровоцира малку да истажам за бенефититие на оваа прекрасна вештина.

Во прилог на текстот се некои согледувања од истражувања направени ширум светот.

Во  2013 година направена е анкета  на повеќе од 3.500 испитаници  низ светот покажа дека 81,5 отсто од испитаниците сметаат дека се чувствуваат посреќни после плетењето. На многумина им помогнало  да се откажат од пушењето,  за да го намали влијанието на хроничната болка и друго. Ракотоврците низ светот велат дека тоа е едноставно најдобрата терапија, Особено за оние кои имаат проблеми со здравјето, доживуваат многу секојдневен стрес, невработени или им е досадно поради разни причини,  плетењето носи  посебни придобивки.

Се чини дека ритмичките повторувачки движења нè ставаат во сегашниот момент, нè одвлекува од размислување над минатото или од страв од иднината. Познато е дека релаксираната состојба на телото и умот го намалува крвниот притисок и срцевиот ритам и помага да се спречат болести поврзани со стресот.
Истражувањето на д-р Бери Џејкобс Коркхил, од Универзитетот Принстон откри дека  едноставните повторувачките движења го зголемуваат ослободувањето на серотонин. Според Коркхил, некои разни истражувања покажаа дека движењето на очите од страна на страна 30 секунди секој ден може да ја зголеми меморијата за 10%.

Коркхил гледа на  плетење како “конструктивна зависност” која ги заменува другите навики како што се пушењето и прекумерното јадење. Еден благослов е тоа што можете да ја искористите вашата алатка за релаксација со вас и да го направите тоа јавно. И додека плетењето не бара уметнички талент или скапа опрема, со него  се креираат  предмети кои луѓето  со задоволство ги користат. Всушност, Коркхил истакнува дека многу хронично болни или лица со посебни потреби, кои не работат или кои бараат работа можат да го надминат чувството на бесцелност  со практикување на  плетење. Процесот на планирање за да се сплете еден џемпер, дава поттик да планираат и многу  други активности.

Коркхил, ги назначува следните придобивки од терпијата со плетење :

• Плетењето ги користи вашите модели на движење: билатерални, координирани, повторувачки, ритмички и автоматски
• Плетењето обезбедува збогатена околина:
o Креативност / имагинација
o Медитација
o Релаксација
o Смиреност /спокој
o Уживање на самотија
o Мајсторство на вештина
o Награда / успех
o забава / игра / истражување
o Придонес / давање
o Пренасочување на вниманието
o Контрола
o Значење / Цел
o Визуелна стимулација
o Тактилна стимулација
o Емоционална стимулација

Плетењето го збогатува социјалниот ангажман:
o Заедница
o Пријателство
o Поддршка
o Припаднсот
o Допир
o Радост и смеа
o забава / игра со други
o Експеримент / Истражувај
o Контакт со очи
o комуникација
o Взаемно учење
o Перспектива
o Давање / делење доверба
o Идентитет

Плетењето како терапија  е содржана во  друга студија, објавена во март 2009 година, детално го разгледала плетењето и анорексијата. Во оваа студија, 38 жени кои страдале од анорексија биле научени да плетат. На крајот од студијата, овие жени се изјасниле  дека учењето на оваа вештина довело  до значителни подобрувања: 74% од нив велат дека активноста ги намалила своите стравови и ги спречувала да размислуваат за нивниот проблем, што е многу значајно од клиничка перспектива, плетењето е евтино, лесно се учи, може да продолжи за време на социјалната интеракција и може да обезбеди чувство на остварување.

Студијата објавена во пролетта 2011 година, наречена “Ангажирање во когнитивни активности, стареење и благи когнитивни нарушувања:  покажала  дека активностите како плетење можат да ја збогатуваат функцијата на мозокот како што старееме. Авторите истражуваат дали ангажирањето во когнитивни активности (како што е плетењето) било поврзано со стареењето и благиот когнитивно оштетување   во случајно избраниот примерок од 1.321 испитаници – од 70 до 89 години – кои ббиле интервјуирани за зачестеноста на когнитивните активности на кои учествуваа (во рок од една година од денот на интервјуто).

Истражувачите открија дека оние кои се занимавале со  активности како што се изработката, плетењето, компјутерските активности, играњето игри и читањето на книги, имале 30 до 50 проценти помалку шанси да имаат благи когнитивни оштетувања од останатите.

Од невролошки аспект, причината зошто овие активности се подобруваат – или одржуваат – когнитивната функција има совршена смисла. Овие креативни напори вклучуваат различни делови на мозокот, кои не само што ги стимулираат нервните врски, туку и ги одржуваат овие врски брзо и ефикасно. Според истото истражување изработката, плетењето и други вакви активности вклучуваат повеќе делови од мозокот:

• Фронталниот лобус (кој е поврзан со расудување, планирање, делови од говор, движење, емоции и решавање на проблеми).
• Париеталниот лобус (поврзан со движење, ориентација, препознавање, перцепција на стимули).
• Окципиталниот лобус (обработка на визуелна информација).
• Темпоралниот лобус (кој е вклучен во перцепцијата и препознавањето на аудитивни стимули, меморија и говор).
• Церебелумот (кој е поврзан со регулација и координација на движењето, држењето и рамнотежата).

Конечно, ако можете да научите да се релаксирате додека плетете, повторно можете да се сетите како се чувствува, како да не бидете напнати и да се потсетите на тоа чувство во стресни ситуации.

Тоа нема да ве чини многу и може да направи чуда. Зошто да не?

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.