За Шекспировиот „Макбет“на сцената на Македонскиот народен театар
пишува М-р Татјана Гогоска
Шекспировиот безвременски драмски текст „Макбет„, во препев на Богомил Ѓузел, вчеваречер премиерно, за прв пат беше изведен на сцената на Македонскиот народен театар, со режисерската поставка на Нела Витошевиќ, која на сцената донесе свежа претстава на стариот “Макбет”!
“Макбет“ како претстава носи со себе илјадници прашања, кои и денеска се актуелни и е драма-трагедија на целосните состојби и атмосфери. Макбет е претстава која ја раскажува болната амбиција зa власт, која носи во тиранија и на крај се уништува. Поставувајќи го личниот интерес над се и водејќи се од желбата за моќ која кај Леди Магбет се гледа низ синтагматa :„ Целта ги оправдува средствата, за поединци на власт да владеат без грижа на совест“. Вака првично го објасна својот став кон Шекспировиот Макбет режисерката Нела Витошевиќ , која на софистициран, до детал разработен начин и одличен мозаик на сите елементи во драмата, го донесе на сцената на Македонскиот народен театар.
Со одличната игра, двата главни ликови Сашко Коцев во ликот на Макбет и Драгана Лошкова во ликот на Леди Макбет, на публиката реално и ја пренесоа нескротливата деструктивна желба за власт , која се јавува кај личности кои се опседнати од фрустрации, секој со некоја своја причина. Ликот на Макбет е измоделиран како послушен маж -папучар, кој паѓа под влијание на неговата сопруга, неостварена во улогата на мајка и не бира средства да дојде и да се задржи на власт.
Одличниот разработен лик на Кралот Данкан од Сенко Велинов, моќно ја донесе идејата на текстот на Вилијам Шекспир пишуван пред 500-тини години, а актуелен и сега, колку амбицијата и бескрупулозноста на луѓето во овој случај на Леди Макбет и Макбет ги премостува сите патишта по цена на крв, за да се стигне на власта.
Во неколку моменти, Макбет преку играта и изграденоста на ликот од Сашко Коцев , го допира лудилото веќе свесен за крајот, кога знае дека е се залудно, откако Леди Макбет сама ќе си пресуди и ќе го напушти. Актерот Коцев, како што самиот кажа а на сцената го долови, му дава човечка димензија на ликот во моментот кога на слугата му вели: Бегај, овдека нема ништо добро! Спасувај се!“ Тоа е таа, макар и минималистичка човечка димензија, без која ова не би било драма туку некој монтиран систем на бесчуствутелни суштества.
Комплетната артистичка поставка: Малколм – Дениз Абдула, Банко – Стефан Вујисиќ
Макдаф – Благој Веселинов, Рос – Борче Начев, Ленокс – Славиша Кајевски, Ментет, Гардистот – Исмет Шабановиќ, Кетнес – Дарко Ристовски, Убиец 1 – Томислав Давидовски, Убиец 2 – Ненад Анѓелковиќ, Сиворд – Виктор Бужаров, и двете момчиња Филип Ивковски и Адриен Боирал, даде секој свој максимален придонес во реализацијата за замислената режисерска поставка добие свој полн ефект. Целата артистичка игра, безмалку беспрекорно го составија мозаикот на трагедијата од Макбет и Леди Макбет, пресликана како трагедија на општеството, на живеењето и во која на многу места препознаваме состојби од денешното време. Затоа текстот на Шекспир се вбројува во оние со безвременска димензија .
Но, за мене имаше нешто многу моќно и многу вредно што сакам да го издвојам од целата игра а тоа е играта на трите вештерки Вештерка 1 – Наталија Теодосиева, Вештерка 2 – Ана Стојановска, Вештерка 3 – Ивана Павлаковиќ, ликови режисерски одлично осмислени и поставени, кои носат порака од потсвеста, порака на судбината, порака на немоќта и маестрално одиграни од трите млади глумици, кои на сцената правеа игра и носеа свежина која публиката ја освои од самиот почеток на претставата.
Минимилистичката, одлична сценографија на Костантин Трпеноски (Асистент на сценографот: Моника Ангелевска ), костимите како спој на минатото, сегашноста и иднината искреирани од костимограф: Роза Трајческа – Ристовска (Асистент на костимографот: Дафинка Балабанова – Алексова) и на сето тоа ефектнта музика на композиторот Огнен Анастасовски, дадоа комплетно успешен проект на Македонскиот народен театар.
Инспициент на претставата е Александар Рајковски а суфлер Зорица Благоевска. Одличниот плакат фотографии и видеа се под авторството на Кире Гелевски
https://www.facebook.com/MakedonskiNarodenTeatar/videos/581791365642386
Можам да кажам дека „Макбет“ е моќна театарска продукција, која се гледа низ комплетно разработениот проект за кој, на екипата им требало четири месеци активна работа да го подготват, а како што велат самите, големата позитивна енергија и сплотеноста на екипата во сечија креација и уште еднаш одличната режисерска разработка на Нела Витошевиќ, донесоа комплетно одлична претстава.