МАЕСТРАЛЕ ТЕАТРО: Веселите Италијани со “Нешто големо” ги расположија Нишлии

Специјално од Ниш: Валентина Ѓоргиевска Парго

Силно смеење и громогласни аплаузи следуваше за секоја музичка точка и речиси секоја реплика, на изведбата на претставата “Нешто големо”, од италијанските милениумски деца од Театро маестрале од Пуља.

Qualcosa di grande (во оригинален наслов) е перформанс маестрално составен како компилација на најзначајните случувања од нашево време, нешто пред и нешто потоа милениумската година, и сето тоа прикажано преку песна,танц и реплики… Изведба кој освежува и влева живост кај гледачите, и желба заедно да се затанцува и запее, во духот на веселиот италијански темперамент.
Забавно театарско шоу, на отворањето на Нишвил во Ниш, на 9 август 2024, во прекрасниот амбиент покрај познатата река во градот.

А на што се осврнува ова гледливо театарско шоу?
Реториката и наративот „порано беше подобро“ е силно вкоренет во секоја генерација. Анксиозноста од иднината и фрустрацијата од сегашноста се развиваат во ликови кои се борат со носталгијата за минатото и многуте историски моменти кои ги одбележаа 2000-тите- „милениумската генерација“.

2001 година беше година на забележителни промени и особено значајни историски настани: преминувањето во евро, 11 септември, економската криза која стана постојана тема, интернетот во домовите…


(аматерска снимка)

Нашата генерација живее меѓу два света, на тој начин нема длабок идентитет, таа е постојано помеѓу златното доба од 1980-тите/90-тите години и длабоките промени од првата деценија на векот, кои беа толку дестабилизирачки за нас.

Музиката создава мост во времето и ги спојува спомените, но особено постои еден музички албум кој зазема централно место: „…Squèrez?“ од Lùnapop, кој не само што беше огромен хит во тоа време, туку и совршено го претставува чувството на некомплетност.
Песната „50 special“, сега на 25-годишнината, со нас ја слави често заборавена и збунета генерација.


(аматерска снимка)

„Нешто големо“ е за сите нас кои со надеж го чекавме новиот милениум, уживајќи во неговите промени, но од кои бевме преоптоварени со споменатите случувања и појави.
И еве како шест актери пристигнуваат на сцената со „Qualcosa di grande“- разговорливи, со обоени нараквици, момци со вечен став.


(аматерска снимка)

Живата музика и спомените нѐ придружуваат низ забавни, стимулативни и горчливи анегдоти. Гитара и пијано, два инструменти кои ретко се гледаат заедно, но кои овој пат се обидуваат да коегзистираат токму како актерите на сцената. Претстава која со стилот на мјузикл и сјајот на стенд-ап ја раскажува приказната за потребата на цела генерација да биде слушната.

Интересно е тоа што ни открива главниот продуцент, Франко Унгаро, шесте симпатични и привлечни млади актери претставата ја направиле сами. Преку импровизации.
Но замислете, кога во една реприка еден актер го изговорува Житораѓе, целата публика прснува во смеење, мислејќи дека алудира на родното место на Цеца, но кога го прашавме тој не само што не ја знаеше туку и не слушнал за Цеца, а ни раскажа дека случајно на интернет, кога барал географски поим блиску до Ниш, му се појавило Житораѓе.

Претставата се одвива на италијански јазик, но умешно вметнуваат и англиски и јазикот на државата која настапуваат, во случајов Србија.
Претставата е во режија на Марија Каси и Леонардо Брици, водечки ликови на музичко- комедискиот театар на современата меѓународна сцена.
Режија Марија Каси и Леонардо Брици, помошник режисер Лоренцо Паладини.
Улоги: Театро Маестрале со Лоренцо Паладини, Миријана Москети, Аријана Алфарано, Франческо Казабури, Самуел Спањоло, Самуел Ингросо.
Техничар за аудио и светлина Едоардо Чига Времетраење 70 минути.
Производство AMA- Accademia Mediterranea dell’Attore под водство на Франко Унгаро. Претстава која вреди да се прикаже и кај нас и тоа час побрзо…

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.