Литературна манифестација и зборник “Рукописи 42“ во Панчево и Белград со учество на автори од Македонија

Ова година во литературниот зборник „ Рукописи 42“ ќе бидaт застапени 61 автор од Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија.

На објавениот  конкурс пристигнаа 360 пријави по електронска пошта и неколку труда по обична пошта, а жирито прочита повеќе од 1000 испратени песни и раскази. На почеток на мај се очекува зборникот да излезе од печат. Фестивал со истото име (Рукописи 42) ќе се одржи помеѓу 15-ти и 19-ти мај во Панчево и Белград, со централна програма на 18-ти мај во Панчево каде што ќе се случи читањето на одбраните трудови. Покрај одбраните автори, специјални гости на манифестацијата ќе бидат Тања Ступар Трифуновиќ и Лана Басташиќ, писателки од Босна и Херцеговина, се вели во соопштението до јавноста од организацијата на оваа литературна манифестација!

 

Жирито беше во состав: Јасмина Топиќ (главна уредничка), Срѓан Гагиќ, Милош К. Илиќ, Наталија Миловановиќ (Словенија), Искра Пенева (Македонија).

Од Македонија во изборот влегоа четврорица автори и тоа: Моника Стојановска, Дамијан Каранфилов, Стефан Марковски и Билјана Т. Димко .

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.