Licentia poetica со Здравко Одорчиќ-…Те чекав во занесот од убавината на месечината….

Уредник на рубриката: Филип Димкоски

Здравко Одорчиќ е режисер, романописец и поет. Роден е во Осјек, Република Хрватска.

Автор е на 12 драми од кои 9 се поставени на театарската сцена. Во 1992 година во Осјек го основа првиот приватен театар во Хрватска.

Ги режирал своите претстави и соработувал со великаните на хрватското глумиште, но и со тогаш младите студенти по глума кои денес се еминентни глумци.

Направил неколку театарски драматизации и истите ги режирал. Ја создал и приватната телевизија ТВ Осјек Плус и бил нејзин уредник.

На онлајн радиото Радио Мачкамама уредува и води емисија за љубавна поезија.

Автор е на романот „Лега, не сфаќаш“ и пет драмски дела под наслов „Пет драми“ како и 6 поетски книги и една сликовнца.

Уредник е на повеќе од 190 книжевни дела. Основач е на Здружението за промоција на културата „КУЛТура сНОВА“ и Радио Снова во Загреб. Во рамките на Култура снова го оформува и театарот Театар на дланка.

Уредник е, сценарист и режисер на ТВ емисијата „Загребачки вечери на поезијата“ од Здравко Одорчиќ. Член е на Хрватското друштво на драмски уметнцици и на многу други културни асоцијации.

Основач е и иницијатор на неколку меѓународни манифестации, Meѓународните  карвани на поетите: Валентиново, Море на дланка, Загреб на дланка, Дубровник на дланка, Сплит на дланка, Славонија на дланка.

ПОСЛЕ МНОГУ ГОДИНИ

Ете, љубов моја

помина мнгогу време

откако јуни се равлече во години

топлите лета секогаш се еднакви

или врне или е вистинска летна жега.

 

Секоја есен и секоја зима

ја преживувам некако со птиците

чекајќи го мирисот на липите и тој магичен

поглед на нашата прва средба.

 

Поминаа илјад дена, љубов моја

а јас некако останав маѓепсан

во оној процветан јуни

во кој се сакавме

во кој се разделивме.

 

Не се поместувам со години

останав во сенката на липите

само белата коса

и брчките на лицето ми се поизразени.

 

Тука си се уште, играш околу мене

Ме гушкаш, ме бакнуваш како и јас тебе

се вртиш како весел рингишлип

а јас како луна-парк што бледее

впивајќи есенски дождови и снегови.

 

Понекогаш вратата ја оставам отворена,

како некогаш кога ми доаѓаше

чекајќи те во свилениот кревет

замрзната од зимата, нозете и во лето ти беа ладни.

 

Знам дека си добро љубов моја,

во најубавите години си сега.

Јас сум добро, а знам дека и ти си добро.

Веќе не се грижам, друг допир те чува.

Единствена љубов моја.

 

Сигурно веќе имаш симпатични брчки

по некое вело влакно, доаѓа тоа со годините

но се држиш и го туркаш овој живот

мора да бидеш борец и храбра жена.

 

Уште те памтам, љубов моја

Онаква каква што беше

Додека занесени липи мирисавме

Треперевме од врели допири

И со бакнежи месечината ја погодувавме.

 

Уште те сакам како оние лета

Го памтам секој миг на воздипки и бакнежи

Единствено не го памтам твоето заминување,

Како и никогаш да не било, љубов моја.

 

Понекогаш плачам, не оти те нема

Плачам оти знам дека љубовта постои

Ја чувствувам таа слатка болка, очите ми се замаглуваат

Се тешам дека уште ме криеш длабоко во својата душа

Како слатко проклетство на несреќната љубов.

Нашите преубави неродени деца

Снаи се на изродените песни

Во нив се уште живееме, ноќе ти пишувам и читам

Надевајќи се дека во далечнината ми го слушаш гласот.

 

Свесен дека времето ме заборавило

ги пребројувам своите години

и не знам што чекам овде

стоејќи сам на сред ништо

уште замаен од твоите мириси.

 

Веќе во душата не ме болиш како претходно

Само понекогаш сеќавањето ме оттргнува

Раните се залечени, трагите се видливи

Како спомен од една несреќна љубов.

 

Времето ги јаде сеќавањата, ја брише љубовта

И често, птопрен на месечината заборавам,

Твојот замаглен лик ми се појавува во некои немири

И затоа секој ден посакувам да отидам

Да исчекорам од својот саробен сон.

 

Во страсните љубови се се меша

И бес, и омраза, има многу смрти, умираат и бакнежите

Ти преживеа, а јас се уште не сум сигурен.

Живеам ли или на усните ти умрев.

 

Посакувам да видам дали постои она место

Меѓу јавето и сонот каде си се ветивме

Но животот уште ме влече, не дава

Веројатно е стравот, дека ќе заборавиш и друг ќе чекаш

Постои ли воопшто место на вечната љубов.

 

Оној премин на заминување крај самите демони

Каде завет си дадовме дека пак ќе дојдеме

Или се тоа само моите луди бладања, лажни ветувања

Уште додека се сакавме, единствена љубов моја.

 

УМОРЕН ОД ЧЕКАЊЕ

Те чекав на роденденот на Космосот

и те барав во минливите љубови

мислејќи дека конечно де најдов

но, сето тоа беа лажни  привиди.

 

Те чекав во занесот од убавината на месечината

Од искричавите ѕвезди како твоите очи

Те чекав со воздишките во бакнежот

Во топлата прегратка на ноќните сништа.

 

Времето се развлече во празнина

Како да застана во твојот универзум

Отчукувајќи тешки, долги часови

Болејќи ја душата од минута до минута.

 

Чекањето на вистинската љубов исчезна

Уморен, остарев од копнеења

Ми изветреа страста од очите

Ми стивна желбата за бакнежи.

 

 

Ни песни веќе не можам да ти пишувам

Душва како се повеќе да се наближува кон небото

Се чини, времето ја изело емоцијата

Се во мене со мртвило стивна.

 

Месечината веќе не пламти од моите очи

Овдешното време истече од срцето

Твојот лик се замати во исконскиот космос

Не можам веќе да те чекам, љубов моја.

 

ДВА ПОГРЕБА ВО ЕДЕН ДЕН

Умреа во ист град

скоро во исто време

скоро пред утрото

Политичар и Поет.

 

Политичарот во болнички апартман

со болничкиот персонал

Поетот во својата твика соба

сам со своите песни.

 

Утрото сите медиуми објавија вест

За смртта на политичарите фалејќи го неговиот придонес

за напредокот на општеството и државата

а во неговата вила отворена е книга на жалоста.

 

 

За Поетот весниците не пишуваа

оти неговиот придонес за општеството

не беше забележан

Тој пишуваше само за Љубовта.

 

На истите гробишта во исто време

Закопани се политичарот и поетот

Со помпезни труби, оркестри и говори

го испратија политичарот во рајските градини.

 

За поетот не свиреа труби

но го надлетуваа птици

пријателите поети говореа

нивни и негови стихови.

 

Со обилно ждерење со шампањ

Се гостеа во вилата по погребот

А во блиската гостилница поетите

Пиеја варено вино, на своја сметка.

 

Веќе за неколку дена помина еуфоријата околу политичарот

Медиумите на народот во име на покојникот им пласираа нови бајки

А поетите и натаму се сретнуваат во гостилниците

Со по некоја жолта, пиво или варено вино славејќи ја Љубовта.

 

Така умре една од догмите во политиката

А ќе се создадат други за да опстојат и умираат

Со поетовото заминување уште еднаш се роди Љубовта

И живее со поетите во нивните песни.

Слава ѝ на песната! Слава ѝ на љубовта!

Поетите заминуваат, но не умираат!

 

Избор и препев од хрватски на македонски јазик: Филип Димкоски

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.