Licentia poetica со Сузана Рудиќ -Вдишувајќи воздрух знам дека постојам

Уредник Филип Димкоски

Сузана Рудиќ е родена на 16.10.1996 година  во Рума, Р. Србија. Завршила средна школа за дизајн во училиштето „Богдан Шапут“ во 2015 година во насоката техничар за ентериер и за дизајн на индустриски поризводи во Нови Сад.

Истата година запишала Акдемија за уметност во Нови Сад, насока-вајарство.

Добитник е на трета награда на меѓународниот фестивал „Душко Трифуновиќ“ во категоријата поезија за учесници на возраст  до триесет години, наградата „Михајло Ковач“ во категоријата кратки раскази  за учесници на возраст до триесет години.

Објавила една стихозбирка со наслов „Време на орхидеите“ за која осврт напиша м-р проф. Снежана Алексиќ-Станојловиќ која беше и промотор на книгата, а подоцна кус осврт за книгата напиша и Матија Бечковиќ.

Во рамките на Академијата за уметност учествувала на неколку групни изложби.

Најмлад член е на книжевниот клуб „Сцена Црњански“ во Белград, а член е и на  Сојузот на книжевници од земјата и дијаспората во Нови Сад.  Објавувала во портали и списанија за уметност и култура како што се „Показивач“, „Култ“, „Буфонерија“, „Рез“, „Метафора“, „Кутија љубави“, „ПЕН“(БиХ).

Недела

Во недела се црвени Венера во закрилата на Месечината.

Ноќта се сече на парчиња. И тече вода.

Ги кинам сите алишта, се вовлекувам во сржта на болката.

Проникнувам во интимна љубов.

Во недела на прстите си го мерам пулсот, кога започнувам

сонлив разговор.

Барам поткрепа слушајќи го трескањето зад облаците.

Трескањето зад облаците не е грмотевица,

туку Бог кова летви на мојот грб.

Во тој свет ден разговарам со мртвите,

заспани во чамците на заборавот.

 

Недела е ден кога Господ ме извлекол од чевлите.

Тогаш сум научила да одам.

Таму зад облаците, го снемува виножитото и ластовичките се селат на подобро место.

Во недела со разденувањето го сејам чекањето.

Чекам…

Ги чекам писмата што доцнат.

Чекам бел леб во тмурни минути.

На станица чекам автобус во кој сонувам часовници.

Времето се мери со чекорите укоричени на постојките што ги љубам

во средбите со тебе.

 

Сега, на работ од хартијата

чекам усните да го запрат твоето заминување.

 

Во недела го слушам гласот на луѓето во ветровки.

Ја вкусувам горчината од нивните усни.

Ја искушувам судбината од нивните џебови.

Во недела ме напушта детството во форма на распрснати балони.

Тогаш си ставам маска од кловн.

Ја молам месечината да ми подари уште една недела

во која можам да му се радувам на детето кое собира камчиња.

 

Другата страна на огледалото

Велат: „Треба да се измиеш во предвечерието“.

Да ја измиеш тагата од очните капаци.

Потоа слатко да заспиеш гледајќи го сведнатиот лик

кој умира од другата страна на огледалото.

 

Пробувам да ги смирам брановите на душата

во кои тонам.

Безнадежно се трудам, сонувам како летам над „седмото небо“.

Врвовите на моето крило удрија во смрзнато езеро.

Се будам од другата страна на огледалото каде прегратката личи на заборав.

На она место каде го расклинкавме првиот збор кој денес не е збор.

Прости ми што сум месечар, само месечарите умеат да пишуваат.

Прости ми што сум патник, патниците зборуваат за животот.

Го оплакуваат она што го ткаат и го слават она што го изгубиле.

 

Изумирање

 

Вдишувајќи воздух знам дека постојам.

Ѕидовите од денешницата ме оддвојуваат од првобитното станиште.

Заминувам по патиштата на кои расте пченица.

Гледајќи го небото, го осеќам ветрето по кожата.

Ме бодри за да стојам.

 

Крвта ми е црвена.

Изумрените зрнца ме молат да се вратам таму

каде што би постоела како човек.

Низ ветрето, зборовите го стрелаат времето.

Звучат како мумуфициран пркос на младоста,

кои ги поместуваат границите на безживотната земја.

Звучат, како триумф на Ветеното време.

На зајдисонцата.

 

 

Сиот мој копнеж ме моли да молчам.

Моли, да се држам за трнот од капинката како

сирачето што се држи за патот на кој е родено.

Мојата крв капе од јаболчниците, ме моли

да ја балсамирам со бакнежи раката на испосникот кои ја препешачил пустината

во она време кога капката вода е родена од брчките на неговото чело.

 

Препев и превод од српски на македонски: Филип Димкоски

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.