Уредник на рубриката: Филип Димкоски
Росица Зинониева е родена во 1956 година во Пловдив, Р. Бугарија Завршила бугарска филологија на Пловдивскиот универзитет. Авторка е на шест книги, а член е на Сојузот на бугарските писатели од 1995 година. Работела како учителка и како главен редактор на алманахот „Струма“. Носител е на наградите „Пејо Јаворов“, наградата „Никола Ј. Вапцаров“ и награда на Сојузот на бугарските писатели за 2018 година.
ТОЈ
На едни високи ридишта
осамената волчица-љубовта во животот мој
во темнината грабливка грака
Каде е тој? Каде е тој?
Сред писокот на раскрилените птици,
зад топлите карпи, полузаспани
мажите ќе го чујат тој глас:
Каде е тој? Каде е тој?
И Тој ќе чуе можеби
Ќе чуе во темнината, ушите не ќе ги заглуши
со нежност ќе тргне по гласот на птиците, љубенио мој
Ако е тој. Ако навистина е тој!
РАЃАЊЕ
нема потреба од превод
смртаа нема потреба од превод
песната, акварелот
плачот и смеењето немаат потреба од превод…
Но овие стиховии
имаат потреба од превод
за да разберат сите
дека добро е да се живее
токму за тие нешта
за кои не е потребен превод.
НА МОИТЕ ВНУЦИ
Ви ја држам раката
додека да проодите.
Јас ви ја држам,
а вие ме водите!
Превод и препев од бугарски на македонски: Филип Димкоски