Николина Сушниќ, родена е во Загреб, 1998 година. Работи како медицинска сестра. Пишува од својата тринаесетта година. Автор е на самостојната поетска книга „Ослободена мисла“ објавена во 2017 година и застапена е во неколку зборници од Здружението за афирмација на култура и уметност Култура снова од Загреб.
Ослободена мисла
Може ли човек
да напише збор
која ќе ги затресе
столбовите на минатото,
која ќе ги отклучи
оковите на сегашноста
и ќе ја пушти мислата
да лета меѓу световите
во кои живеат
нашите мали
конци на судбината.
Метаморфоза
Има денови коха тагата сјае од порите,
се извлекува од прстите на нозете и се простира во чекотот.
Па по него газам со празни џепови,
со пцовка безгрижно префрлена преку забите
и се смејам
саркастично ги одбивам кривите верувања
што ги усвоив додека животот беше висока точка на светлоста.
Не постои верување
а сувата суровост, станува закон
правдата е јалова
непознатица на овој свет
која се претвора во сокровиште на душата
додека газам скапани нешта
ги тресам остатоците од барањето на правдата
А јас,
Непрегазен мост на љубовта
денеска се престорувам во суровина без месо
грозничава метаморфоза
која се менува со коментарите на погледите.
Оти меѓу живите
во овој агол на постоењето
останувам непронајдена.
Мојот прав ќе пишува за нашата љубов
Во трепетите на безвремето
со очиве те сликам
приврзана со твоите болни бакнежи
горам на кладата
со очи те сликам
со зениците в небо вриштам љубов за љубовта
во синиот сон на чадот
што се виори над кладата
ти давам болни коски
и во нив страв за се што доаѓа.
Врзана, горам
сликајќи те со очиве.
Додека не се прострам на линијата на сеќавањата
листам во недогледот
со очиве од чадот те сликам
во синото те скривам
со коски те покривам
сликајќи те во себе
горејќи, вриштејќи исри за една луда младост
мојот прав ќе пишува за нашата љубов.
(уредник на рубриката и препев од хрватски на македонски јазик-Филип Димкоски)