Уредник на рубриката: Филип Димкоски
Атанас Димитров Јанев е бугарски поет, писател, киносценарист и публицист. Роден е во 1993 година во Казанлак, Р. Бугарија. Во 2012 завршува гимназија во родниот град како првенец на генерацијата. Дипломирал право на Софискиот универзитет. Добитник е на награди од разни литературни конкурси. Автор е на стихозбирките „„Мъгла отстонове“ објавена во 2015 и „„Лазурът се разлисти” во 2018. Сценарист е на документарниот филм „На проштавање“(2018) посветен на поетот и револуционер Христо Ботев.
БЕСМИСЛА
Мене ме плаши ужасно
Не смртта-
таа крајна сметка
сегого го снаоѓа
но не ми дава мира
мислата дека
нема,за што
да се умира.
ОПАСНОСТ
На болката поетот е стражар
затоа безгрешно секогаш сеќава
ти можеш да си мраз, но и пожар
и да бегам-те среќавам.
Како да те познавам одамна
Дали во друг живот бевме блиски?
Во очите ти се губам многу бавно
а најстрашно е што не сакам.
ВОСКРЕСНУВАЊЕ
Светот ми е безжалосно избран
од радости, пријатели и чувства
останав сам и скитам неразбран
во подножјето на својата уметност.
Јас дишев со туѓи болки и умрев-
играта со зборови може да унесреЌи
и немав свој живот, но ги имав нив
и бев осамен, но сепак љубев.
Ве сакав, но себе се замразив гнасно
омразата ми стана многу блиска
Еднакви сте. Нели ви е јасно?
Еднакви сте. Дури и да не сакам.
Една безбожна вистина сфатив
играта со зборови може да е нечиста
туѓи денови, наместо своите живеев
и затоа не можам да воскреснам.
Превод и препев од бугарски на македонски: Филип Димкоски