Licentia poetica со Славка Кликовац (Црна Гора)
Уредник на рубриката: Филип Димкоски
Славка Кликовац, родена е во Мојановиќи, Подгорица во 1958 година.
Од 1980 година работи како професор во одделенска настава во ОУ „Милан Вукотиќ“ во Голубовци. Добитничка е на наградата „Најдраг учител“, наградата „Васо Пелагиќ„ за врвни остварувања во образованието, има титула учител-педагошки советник, прогласена е за Војвотка во културата за културна соработка помеѓу Србија и Црна Гора. Претседателка е на здружението на уметници „Визија„ и на Светската унија на поети за Црна Гора. Активна учесничка е на многу педагошки советувања и семинари за просветни работници. Објавила десетици стручни методички трудови кои се објавени во педагошки списанија.
Објавила седум поетски збирки од кои за деца: „Пролет во косата“, „Пред училишните врати“ и „Сончева разговоријада“ и за возрасни: „Име на небото“, „Свеќа во ноќта“, „Украден живот“ и „Уште те барам“. Дел од песните за деца се музички обработени и изведувани на детски музички фестивали. Застапена е во читанки за основно образование. Книжевното творештво и е преведено на англиски, јапонски, грчки, словенечки, македонски, унгарски, руски, латински, фанцуски, италијански, бугарски, шведски, германски и есперанто. Добитничка е на повеќе награди за поезија во јапонија, Италија, Србија, Хрватска…
Пишува и афоризми и епиграби кои и се објавувани во повеќе списанија и антологии и повеќепати наградувани.
Се занимава со куклени претстави во образованието како и театарски претстави за деца. Добитничка е на повеќе награди за куклени претстави на фестивалите во Црна Гора и регионов. Повеќе од две децении се занимава и со сликарство и учество зела на повеќе од четириесет групни изложби. Застапена е во многубројни антологии, списанија и зборници.
Ја уредувала радио емисијата за деца „Ѕвездено небо“ на радио Зета, била уредник на списанијата „Детско око, Одделенско огледало и Школско огледало. Приредувач е на историјатот на училиштето „Милан Вукотиќ“ во периодот од 1983 фо 2018 година во рамки на списанието Школско огледало, една е од приредувачите на книгата „Просветни работници од клупите на ОУ „Милан Вукотиќ“, Голубовци. Член е на многу редакции на списанија за деца во Црна Гора и пошироко, се занимава со популаризација на творештвото за деца, организатор е на десетици меѓународни вечери на културата „Преку култура до пријателство“ како и на Меѓународниот книжевен фестивал „Преку култура до пријателство“ кој постои пет години. Како поетеса имала свои претставувања во Франција, Италија, Германија и во земјите од регионот…
УКРАДЕН ЖИВОТ
Хартиен брод си
закотвен во морето
на моите солзи.
Ја собираш
утринската маглинка
од моите зеници
месечавата магија
ми ја одземаш.
Со моите очи
гледаш од палубата на бродот…
И нив ми ги зеде!
Душата
со раѓањето на денот ми ја пиеш
усните збрчани од патила
ми ги крадеш.
Што ќе правам јас без усните
што надежта
на постоењето ја шепотеа?
Слухот
со скршено сидро ѕвечи
Зборот среќа
Веќе нема смисла.
Го сакам своето сидро
Зборот среќа
со него да го напишам!
И кормилото
на моите мисли,
незграпно со рацете го грабаш
утробата во чвор ми ја врзуваш,
на мотското дно
релјеф правиш.
Што ќе правам јаз без мисливе
Што ти ги украде?
Зениците
врати ми ги
не се тие криви
што ги препознаваат
рацете како угар
исушени
од твоето снемување.
Што ќе правам јас без моите зеници
што ја разоткриваа темнината
за патот да си го најдат?
Барам сонце
во денот со магла скриен
во сенката
ликот да го пронајдам.
Дланките
ги закопувам в заби
крикот да замолкне.
Сенката ми крвави
во разузданата дланка.
Ни сенката не ми е жива.
Не ми ги остави
ни свенатите гради
што беа храна
на залакот од мојата крви
штит на бедрата
што ги градеа.
Како без воздишки
да се ослободи отровот
додека со земја
ми ги покриваш раните.
Ако ми ги земеш и солзите
Пристаниште
на спасот
ќе ти биде
морето од моите солзи.
Кога нивната плима
Ќе ги однесе едрата
солзите го заплиснуваат
врвот на јарболот
тогаш ќе знам
дека во мојата солза
живеете ти
и мојот украден живот.
БОЛКАТА НА ЗОРАТА
Ништо како зората не умее да заболи
со темнината ги носи скршените мисли
и небото ѕвездено крадешкум ќе го соголи
во кој сништата во соѕвездие се стиснале.
Будејќи се, зората синото небо го пали
Пурпурноста на цветот во крошната ја вплетува
лажливата надеж со разденувањето ја крадат
движењето на воздухот ко солза светнува.
Руината на душата се истура
немо ја заорува напукнатата карпа
со призвуци na жедност вдахнува роса
ја лечи кревката снага од надеж опиена.
Никогаш како в зори болките не се насетуваат
ни погледот не чувствува толку тажна боја
мислата си оди за во нејѕините скутови
со раѓање да ја пробуди несоницата своја.
МАЈКО
Мајко!
Полна месечина над изоранат нива,
рацете ти ги полни со месечев сјај,
коровот надвор од рацете го става
ја разгрнува песната
со капките пот ја натопува горката замја,
со роса ги мијат зрелите плодови
и на гради ги фрла.
Твоите немири, животот ти го засениле.
Се виткам пред твојата немоќ,
со рацете ги бришам солзите и
под нокти ги ставам.
Се поклонувам
пред твојата мајчинска грижа
и гласот врежан во мозочната кора.
Немоќта сонот ми го зема.
Го собирам трудот твој,
Твоите пружени раце
Што даваат љубов, леб сол
за секој ден.
Стапалките на денот траги цртаат…
Трагот од твоите стапала
сончевиот сјај ги избледил
и ги однел во вечноста…
Во свила завитканите опинци
ги стегам в раце
да не најдат пат
далеку од мене.
Каде да го сокријам трагот
да не го грабнат грабливките
и во гнездата да го вплетат.
Будната зора шепоти
за твоите сонливи раздени
и го алови утрото
и огнот
што го грееше со мајчинска грижа.
Засолзува окото,
смрзнатата солза бега
решетот го полни.
Гласоносците
ти го носат гласот на заветот
тебе мајко
ветуваат дека името ќе ти трае.
Еве ме,
пред сенката твоја,
умилно ги гледам низ мрежата на зракот
твоите разретчени бели коси,
и раните што крвавеле
назабени,
во стомачната шуплина зачнати.
Наидувам на модри лебеди,
што со усните си ги криела во мислите.
Бели птици,
Сокриени во чемерот на срцето твое,
Прелетуваат над нашите глави,
сништата ни ги чуваат.
Мајко,
не ги жалам твоите насмевки.
Ме болат твоите болки
и испараните шевови на твојата душа.
Не те давам мајко,
со жарачот ги убивам молскавиците
што светнаа за гласот да ти го земат.
Сосредоточувањето на темните зори
се потпре на колена
дланките везат чипкан покривач
влажното око заигра во орото.
Мајко, вдоми ја мојата тага,
јас немам време.
Избор и препев од црногорски на македонски: Филип Димкоски