Licentia poetica-Наташа Бундало Микиќ-Во песната го сакам човекот, онаа потпора во осаменоста и болката……

Наташа Бундало Микиќ е родена во 1983 година во Нови Сад, Република Србија. Општа гимназиска насока завршила во гимназијата „Лазо Костиќ“, а дипломирала на Филозофскиот факултет-отсек српски јазик и книжевност во 2012 година во Нови Сад. Пишува поезија и проза, а покрај тоа се занимава и со лектура и пишување есеи и книжевни критики.

Песните и се објавувани во списанија, зборници и на интернет портали, а препејувани на македонску, русински и англиски. Нејзини дела се: „Гиневриниот шепот“ (поезија, 2015), „Лакирани бели чевли“(семеен роман, 2016), „Кратко еспресо со господинот“ (поезија, 2018). Издавач на трите книги е Банатскиот културен центар од Ново Милошево. Романот „Лакирани бели чевли“ објавен е во аудио издание во Сојузот за слепи и слабовидни во Војводина. Наскоро ќе биде објавена нејзината нова поетска збирка „Третиот круг на соништата“ во рамките на Бранково коло.

СРЕЌА

Гледам

три птици во летот

сиво пространство

трпелива бреза

прегрната од дете

и сјаен водоскок

додека црнобелиот далматинец

трчка низ тревата

и со опашката

го поздравува

небото.

 

ЦЕНТАР

Кога тргнува автобусот за центар?

Центарот на градот

Центарот на метата

Центарот на срцето

Единаесетката ги сече булеварите

Додека патниците се нишаат ваму-таму

држејќи се за рачките на надежта

како да  утре ќе биде подобро.

А нема да биде.

Кога тргнува возот за Париз?

Низ градовите на мирот или на дипломатијата

да ги наводениш нозете во Сена

да го допреш небото од Ајфелова кула

или господски да шеташ низ музеите од соништата

Не тргнува возот за Париз

Добар е и оној црвениот до Белград

Седнуваш во него

И веќе следниот миг стануваш

И се туркаш низ подземниот премин

Со нервозните луѓе

Не,  не се тие нервозни

Ним им недостасува прегратка

Една прегратка

Долга

Додека полетува последниот авион

Кон бескрајот.

 

СПАС ОД ОСАМЕНОСТ И БОЛКА

Кој може да ми забрани да се заљубам

во песната

да го сакам човекот во неа

онаа потпора во осаменоста и болката.

Сретнав таков на полињата на соништата

Стоеше потпрен на дрвото на животот

И гледаше кон мене

Кој може да ми забрани да се заљубам

Во таков човек

Кој  е песна.

Песната е најтиха свеченост

Пред која се поклонувам.

Ситна како зрно афион

И исто така смирува и лечи.

Миризлива како босилок што го рассејувам по собава

Бисерно синџирче која одговара

Со чипкан фустан со боја на морето.

Таа песна е мој спас од осаменоста и болката.

Таа песна или сепак човек?

Избор и препев од српски на македонси: Филип Димкоски

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.