LICENTIA POETICA со Јовица Илиќ- Како змија осветница …Го бара пленот

Уредник на рубриката: Филип Димкоски

Јовица Илиќ (1975) е роден во Смедеревска Паланка (Србија). Тој е поет и кантавтор.  Дипломирал на институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2015 година. Член е во советот на меѓународната книжевна манифестација „Караманови средби“Своите песни ги изведува со гитара, најчесто на поетските карвани организирани од Друштвото на писателите на Македонија. Досега настапувал на повеќе меѓународни фестивали како што се: Кантфест – Руше (Словенија), Кантфест Белград (Србија), ПроПоет Инџија (Србија),  Gornjogradski knjizevni festival  Загреб (Хрватска), Sofija Singer Songwriter fest (Софија). Неговата поезија е застапена во повеќе зборници и списанија.  Преведувана на Словенечки, Бугарски, Српски и Хрватски, Белоруски, Англиски. Добитник е на „Специјална награда – Караманов“„2001 за необјавена збирка поезија, и меѓународно признание „Специјална повелба“ ПроПоет Инџија 2018 и Трета награда на меѓународниот фестивал SOFIJA SINGER SONGWRITER FEST 2018.

Пее во црковниот Хор Св. Јован Дамаскин од Радовиш. Работи како професор по филозофија при СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш (Македонија). Објави: Сет издание „Легитимна опсесија“ (книга поезија) & „Разоружена страст“ (цд) (2015), Сет издание „Граници од Земја“ (книга &цд)

 

 

ПЛАЖА И ПЕСОК

 Сиви се плажите на кои галебите

Живеат како морнари

Посакав да бидам знаме

Над покриените огништа

Од неспокој

И да свирам врз животот свој

Без морето и младоста

Без тишината

Но во тебе да пеам

Во тебе да зборувам

Да ги испратам сите пораки во шише

Низ морето

Со сето време и без моето тело

со љубов да спијам

На плажата и песокот

Со тебе

 

 БАРИКАДИ НА УБАВИНАТА

Да ги пренесам сите тајни на овој свет

Во тебе

Зашто убавината е непозната секунда

Од веремето трошно

Без убавината твоја сум никој

И целиот свет би исчезнал

Дозволи ми да се спасам од

Ништавилото и сврти ја перницата

Ти си безвремена

Самотијата како змија осветница

Го бара пленот

Гневот како отров низ нашите коски рие

Застани на барикадите на убавината

Пред часовничарот да ја објави дијагнозата

И времето биде претворено во темпирана бомба

 

 

СЕМЕ МОЛИТВЕНО 

Од семе молитвено Боже си не создал

За во тебе повторно да се родиме.

И не создаде со кревкост,

Но бесмртна ни ја даде убавината

Та и кога умираме непрекинато воскреснуваме

И како да ја згаснам жедтта

Без да те возљубам со срце човечко и просто

Како да си простам што на земјата сум грешник Што на моите затворени очи сон им дари

За во него да те најдам со радост

До утробата на светоста твоја

 

Избор: Филип Димкоски

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.