Лени Партикова – Промоција на албумот „Со срце и душа за Македонија“, со концертна турнеја низ Македонија

На 30 март 2024 година во Домот на културата “Иљо Антевски Дрен“ во Тетово ќе почне промоцијата на албумот “Со срце и душа за Македонија“. Албумот содржи авторски песни на Партикова а за неговата реализација најзаслужен е нејзиниот сопруг Жарко Ѓорѓески.

На сцената покрај Лени Партикова ќе бидат и децата играорци на КУД “Шара“ како и Детскиот многу успешен хор “Лале“ кој има повеќедецениска успешна работа зад себе. Покрај нив ќе настапи и Групата Круна со хармоникашите Робертино Стефановски и Златко Мадевски, како и дувачкиот оркестар Весела дружина.
Гости на Партикова ќе бидат и нејзините колеги Благица Павловска, Флори Манев и Раде Младеновски.

Зад продукцијата на овој албум стои Кактус студио на Горан Милошевски како и Сенатор Битола и Ване Петкоски ИНТВ Австралија.

После овој концерт се планира ипромотивна турнеја концерти низ државата и надвор од неа.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.